Газпром: „Северен тек 2“ ќе биде завршен до крајот на годината

Од:

Изградбата на гасоводот „Северен тек 2“ ќе заврши годинава, изјави денеска извршниот директор на „Газпром“, Виктор Зубков.

-Активно се работи, и остана уште многу малку. Се разбира, оваа година дефинитивно ќе биде готов. Штета за изгубеното време, но тоа се случи, рече Зубков, пренесуваат руските медиуми.

Според него, работата на изградбата на гасоводот е завршена меѓу 90 и 92 проценти.

Коментирајќи ги извештаите во германскиот печат дека Берлин во преговорите со Вашингтон наводно го покренал прашањето за зајакнување на украинскиот енергетски сектор, Зубков се спротивстави на можната ревизија на договорот за транзит на руски гас по украинската рута кон Европа.

-Сите договори склучени со Украина се во сила, рече тој. „Важно е да се заврши „Северен тек 2“ и во меѓувреме да се продолжи со снабдување на количествата предвидени во договорите, снабдувајќи ја Европа преку Украина“, додаде тој.

Проектот „Северен тек 2“ вклучува изградба на две гасоводни линии со вкупен капацитет од 55 милијарди кубни метри природен гас годишно од брегот на Русија, по дното на Балтичко Море до Германија. Работата беше прекината во декември 2019 година откако швајцарскиот „Алсис“ го напушти поставувањето на цевките во морето поради можни санкции на САД. Но, во декември 2020 година, изградбата продолжи. Во моментов гасоводот се поставува во територијалните води на Данска.

Би можело да ве интересира

Ковачевски: Ќе се покачи цената на струјата поради таксата од Бугарија за рускиот гас

A1on

Бектеши: Ако Бугарија ни наметне такса за рускиот гас, ќе бараме оштета

A1on

Хајка во Британија поради спонзорот на Црвена Звезда

Предраг Петровиќ

Путин потпиша нов указ: На Гаспром му се забранува да купува природен гас поскап од редовните цени

А1он

Германскиот увозник „Унипер“ го тужи „Газпром“ за неиспорачување гас

Газпром нема да ја прекине испораката на гас за Молдавија

А1он