Газпром предупреди: Европо, внимавај

Од:

Европа троши гас од своите подземни складишта со рекордно темпо, значително намалувајќи ги вкупните резерви, објави руската енергетска компанија Газпром.

Компанијата предупредува дека овој тренд може да ги зголеми ризиците за снабдувањето со енергија во текот на зимата, објавува РИА Новости.

Според податоците од организацијата Гасна инфраструктура Европа (GIE), на 24, 25 и 26 ноември се забележани најголемите дневни повлекувања на гас од европските подземни складишта досега.

Полнењето на складиштата за гас во Германија падна на 68,5 проценти, додека само пред пет дена беше 72 проценти, што укажува на забрзано темпо на потрошувачка во наредните студени месеци, додава руската компанија.

Вкупно, обемот на активен гас во европските складишта на 26 ноември изнесуваше 78,1 милијарди кубни метри, што е за 10,6 милијарди кубни метри под минатогодишното ниво, забележува Газпром на својот Телеграм канал.

Компанијата нагласува дека намалувањето на залихите влијае и врз технолошката ефикасност на магацините, што дополнително ја ограничува нивната способност за брза испорака на гас.

Би можело да ве интересира

Захарова: Странските трупи во Украина ќе бидат легитимна мета

Горан Наумовски

Ескалација во реториката: Москва со закани по нападот врз руски танкер

Карлсон со остра оценка: САД се трансформираат во империја

Енергетски притисок кон Русија: Америка воведува 500 отсто царини на руска нафта и гас

Порака од Москва за Америка: „Не си играјте игри со Русија“

Американски коментатор: Нафтата од Венецуела не ѝ е потребна на Америка, туку на Кина, и затоа го уапсивме Мадуро