Газпром: Подготовките за приклучување на Македонија кон „Јужен поток“ во завршна фаза

Од:

Во финална фаза се подготовките за приклучување на Македонија кон гасоводот „Јужен поток“ чија изградба треба да почне на крајот на годинава, а да заврши до крајот на 2015. По потпишувањето на договорот меѓу македонската и руската страна ќе се знае од каде ќе биде одвоен крак кон Македонија.

Раководителот на претставништвото на Газпром во Македонија, Сергеј Икоников на денешната средба со новинарите во Скопје информираше дека сите технички прашања веќе се разработени и оти има неколку можности за да се пушти крак кон Македонија.

Според него, најдобро би било да има влез од две или три точки, односно од постоечката точка преку Бугарија и дополнително од север или југ.

„Се планира мрежа на гасификација низ цела Македонија и сигурно тоа ќе биде точка што ќе биде одобрена по барање и од македонската страна“, рече Икоников.

Од компанијата се надеваат дека до 2030 година потрошувачката на гас во Македонија ќе изнесува 2,5 милјарди кубни метри годишно, но тоа ќе зависи од имплементацијата на македонската национална програма за гасификација и од изградбата на гасни електроцентрали.

Со приклучувањето на Македонија кон „Јужен поток“ очекуваат дека ќе се зголеми потрошувачката на гас и и оти ќе се појават и други оператори освен Макпетрол со кого, како што напомена Икоников, имаат добра соработка.

„Постои спогодба меѓу Макпетрол и Газпром и досега немаше негативна пракса која би ја искомплицирала нашата соработка. Макпетрол досега ги извршува сите свои обврски и немаме причина да бараме нов партнер, меѓутоа ако биде изградена нова мрежа ќе има нови потрошувачи на гас и тогаш сигурно ќе се појави некој оператор кој ќе се занимава со слична функција како Макпетрол. Отворени сме за соработка и се надевам дека ќе се јавуваат такви партнери, а прашањата за нови партнерства ќе се разгледуваат“, нагласи Икоников.

Би можело да ве интересира

Собраниска комисија нема да расправа за гасните централи и соларните паркови

Орце Костов

Граѓаните на Македонија плаќаат најскапа струја: Конкуренцијата во изборот за универзален снабдувач би им донела пониски сметки

А1он

Николовски: За 45% поголемо производство на струја, имаме најдобри резултати во енергетиката

РЕС одбележува една гостина постоење – компанијата донесе најповолно снабдување со електрична енергија во енергетската криза

(ВИДЕО) Андонов: Електро-енергетскиот систем е стабилен

ВМРО-ДПМНЕ бара итна седница за нивниот предлог Закон за енергетика