ВМРО-ДПМНЕ бара итна седница за нивниот предлог Закон за енергетика

Од:

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата достави барање до Собранието за одржување на итна седница на која ќе се разгледува Предлог законот кој го поднесоа, а се однесува на Законот за енергетика. Координаторот на Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски оцени дека по вчерашната прес-конференција на премиерот Ковачевски станало јасно дека Владата едноставно препишала делови од предлог мерките кои ВМРО-ДПМНЕ го понуди, но тоа не е доволно.

„Во мерките кои што Ковачевски ги презентираше слушнавме дека ќе добиваат поевтина електрична енергија образовните и јавните здравствени установи но случајно или не ги изостави водостопанските и комуналните претпријатија кои што поради високите цени на електрична енергија имаат проблеми со ликвидноста што во следниот период може да доведе до повисоки сметки за домаќинствата и стопанството. Како одговорна партија бараме целосно, а не ппарцијална прифаќање на нашиот предлог. Со Предлог законот за енергетика кој што ВМРО-ДПМНЕ го поднесе во самиот текст опфатени се и водоводните и комунални претпријатија кои што имаат огромни трошоци за електрична енергија“, образложи Мицевски.

Опозициската партија побара од СДСМ да го поддржат нивниот Закон за енергетика. Со тоа, како што рече Мицевски, ќе покажат дека се грижат за граѓаните и за стопанството. Во предлог законот на ВМРО-ДПМНЕ покрај училиштата и здравствените уставови опфатени се и водостопанските и комуналните претпријатија.

Би можело да ве интересира

Собраниска комисија нема да расправа за гасните централи и соларните паркови

Орце Костов

Мицевски повика итно да се донесат измените на Законот за патни исправи

Мицевски: Проблемот со испразнетото место во ДИК ќе се надмине, еден од кандидатите ги повлекол документите

Има 20 потписи за свикување итна седница, денес може да се изгласаат измени за возачките и личните карти

Орце Костов

Мицевски: Мандатарот треба да предложи министри за секое министерство согласно Законот за Влада, до крајот на неделата ќе ги соопштиме нашите предлози

Граѓаните на Македонија плаќаат најскапа струја: Конкуренцијата во изборот за универзален снабдувач би им донела пониски сметки

А1он