Николовски: За 45% поголемо производство на струја, имаме најдобри резултати во енергетиката

Од:

Во рамки на грејната сезона 2022/2023, за месеците од октомври до март, имаме вкупно домашно производство на електрична енергија од над 2,7 милиони MWh. Само во споредба со претходната грејна сезона тоа е зголемување на вкупното производство на електрична енергија од 45 отсто рече на прес конференција Дарио Николовски членот на Централниот одбор на СДСМ.

– Пропаднаа сите лажни сценарија на ВМРО-ДПМНЕ со кој го плашеа народот дека ќе има рестрикции, дека цената на електричната енергија ќе расте за 50 до 60 отсто, дека енергетскиот сектор ќе пропадне. Електрична енергија, гас и парно имаше постојано цела грејна сезона. Како дополнителна потврда за доброто менаџирање, обезбедивме поевтина електрична енергија за училиштата, градинките, јавните комунални претпријатија, граѓаните не добија повисоки сметки за струја, а за 72.000 компании цента на електрична енергија се намали за 20 отсто. За само петнаесет месеци од 1 јануари 2022 до 31 март 2023 година, инсталиран е 192 MW вкупен капацитет од обновливи извори, односно доволно електрична енергија со која може да се задоволат потребите на домаќинствата со просечна потрошувачка од десет градови или околу 76.000 домаќинства вели Николовски.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Сакале или не СДСМ и ВМРО, идниот претседател ќе се избира во Собранието

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Николова: Силјановска треба да се извини за навредите кон Пендаровски и Ковачевски

Горан Наумовски

СДСМ: Силјановска во матрицата на ДПМНЕ, ги навредува Пендаровски и Ковачевски и покажува нервоза

Горан Наумовски

СДСМ: Пендаровски и Ковачевски со план пред граѓаните, Силјановска и ДПМНЕ со навреди

(ВИДЕО) Ковачевски: Си ги знаеме грешките, пред граѓаните е изборот за европска иднина на државата

Каевски: ДПМНЕ го врати речникот од 27 април со нападите врз Пендаровски