„Газпром“: Изградбата на „Северен поток 2“ и „Турски поток“ нема да ја покрие разликата меѓу понудата и побарувачката на гас во Европа

Од:

Заменик-претседателот на „Газпром“ Александар Медведев изјави денеска дека дури и изградбата на „Северен поток 2“ и „Турски поток“ нема да ја покрие разликата меѓу понудата и побарувачката на гас во Европа.

– Имаме договорено над четири трилиони метри кубни гас по системот „земи или плати“. Ако се земат предвид перспективите во побарувачката, тогаш дури и по изградбата на „Северен поток 2“ и „Турски поток“ неусогласеноста меѓу понудата и побарувачката нема да биде покриена, посочи Медведев.

„Северен поток 2“ предвидува да бидат изградени две подводни гласоводни линии со вкупен капацитет од 55 милијарди метри кубни годишно, кои ќе ги поврзуваат Русија и Германија по дното на Балтичкото Море.

Гасоводните линии на „Северен поток“ од 2012 година веќе доставува од Русија гас со капацитет од 55 милијарди метри кубни годишно.

„Турски поток“ предвидува доставки на руски гас по дното на Црно Море до европскиот дел на Турција и оттаму до границата со Грција по две линии, секоја со капацитет од 15,75 милијарди кубни метри гас годишно.

Би можело да ве интересира

Ковачевски: Ќе се покачи цената на струјата поради таксата од Бугарија за рускиот гас

Орце Костов

Бектеши: Ако Бугарија ни наметне такса за рускиот гас, ќе бараме оштета

Орце Костов

Хајка во Британија поради спонзорот на Црвена Звезда

Предраг Петровиќ

Путин потпиша нов указ: На Гаспром му се забранува да купува природен гас поскап од редовните цени

А1он

Германскиот увозник „Унипер“ го тужи „Газпром“ за неиспорачување гас

Газпром нема да ја прекине испораката на гас за Молдавија

А1он