Газпром и нуди договор на Македонија за „Јужен тек“

Од:

Македонија и Русија подготвија меѓувладин нацрт договор за изградба на крак за испорака на гас за Македонија, како дел од „Јужен тек“, пренесува руската агенција „Итар тас“. 

Според нацрт договорот изработен од Министерството за енергетика на Русија,  доколку анализите за проектирање на гасоводот ја потврдат изводливоста на проектот, „Газпром“ и Македонски енергетски ресурси ќе формираат заедничка компанија за реализација на проектот со еднаков удел од 50 отсто. Со тоа доколку се остварат намерите, се прогнозира дека би се  привлекле многу акционери со понатамошната прераспределба на акции.

Како што наведува „Итар тас“, линијата на гасоводот по која ќе поминува гасоводот и неговиот капацитет е оставено да се утврдат, според резултатите до кои ќе се дојде од анализата-дали ќе има техничка и финансиска иводливост односно дали е исплатлив овој проект. Количеството на природен гас и условите на снабдување на Македонија се утврдени меѓу договорите на Газпром и А.Д. Македонски енергетски ресурси.

Сите права од користењето на природниот гас според документот би му припаѓале  на А.Д. Газпром. Со документот се дефинирани обврските на македонската страна да не наметнува никакви ограничувања на руски инвестиции во Македонија, согласно соговорот како и да обезбеди оваа компанија да има пониски даночни и царински услови.

Петар Клинчарски

Би можело да ве интересира

Ковачевски: Ќе се покачи цената на струјата поради таксата од Бугарија за рускиот гас

Орце Костов

Бектеши: Ако Бугарија ни наметне такса за рускиот гас, ќе бараме оштета

Орце Костов

Хајка во Британија поради спонзорот на Црвена Звезда

Предраг Петровиќ

Путин потпиша нов указ: На Гаспром му се забранува да купува природен гас поскап од редовните цени

А1он

Германскиот увозник „Унипер“ го тужи „Газпром“ за неиспорачување гас

Ковачевски: Гасификацијата станува реалност, завршени се градежните работи на гасоводот Неготино-Кавадарци-Битола