Форум „Климатските промени и Македонија“ на Универзитетот на ЈИЕ во Тетово

Од:

Институтот за животна средина и здравје при Универзитетот на југоисточна Европа во Тетово денеска организираше научен форум насловен „Климатските промени и Македонија“.

На форумот, чија цел беше согледување и актуализација на состојбите со климатските промени во Македонија, министерот за животна средина и просторно планирање Нурхан Изаири посочи дека нашата земја предничи во усвојувањето и усогласувањето на сите директиви од ЕУ за оваа област.

– Климатските промени бараат еколошко иновативни пристапи и технологии кои пак ќе станат клучни за економскиот раст, конкурентноста и вработувањето. Владата на Македонија досега има усвоено три национлни планови за климатски промени 2003, 2008 и 2014 година. Во согласност со националната програма за усвојување на правото на ЕУ планирана е изработка на политички документ што треба да се изработи со подршка на Истражувачкиот центар за одржлив развој и енергетика при МАНУ, УНДП и ГТЗ. Улогата на министерството како национален координатор за климатски промени се остварува и преку вградување на политики и во останатите сектори како здравство, земјоделство и енергетика а во академскаат заедница гледаме партнер во реализирањето на вакви и слични активности. Одговорноста за здрава животна средина и намалени климатски промени е на сите поради што е потребен одговорен однос кон средината од секој поединец, рече во обраќањето пред присутните министерот Изаири.

Ректорот на УЈИЕ Замир Дика посочи дека и досега тие биле дел од повеќе мултидимензионални проекти за развој на свеста за заштита на средината, но и со практични прокети придонеле во намалувањето на емисијата на штетни гасови и заштета на енергијата како прокетот за Еко кампус, изградбата на фотонапонскта централа, еколошките објекти и слично.

Италијанскиот амбасадор во Македонија Ернесто Белели рече дека треба да се пронајде вистински баланс помеѓу ризиците за климатски промени и цената што би требало да ја платат економијата и оптетството.

– Станува збор за чувствително прашање и колку подолго се одолговлекува носењето на решенија во овој правец центата подоцна ќе биде уште поголема. Затоа политичка е одлуката за носење на вистински баланс во зачувување на средината но и овозможување економски развој, истакна амбасадорот Белели.

На конфренцијата во Тетово повеќе професори и научни истражувачи од УЈИЕ имаа свои излагања за влијанието на климатските промени и мерките што треба да се преземат за намалување на негативните ефекти од тоа.

Би можело да ве интересира

Тошковски потврди дека советник назначен од него бил отстранет од Тетово – бара Внатрешна контрола да утврди зошто

Анита Петровска Рајковиќ

Полицајци кои не се контролирани од ДУИ да го напуштат штабот – „Вреди“ обвини дека началникот на Тетово го избркал советникот на министерот

Запалени две диви депонии во тетовско

Од возило во движење пукано кон куќа во Тетово, нема повредени

Синдикатот бара повеќе кадар во Клиничка болница Тетово, недостигаат 400 вработени

Орце Костов

Според тетовската полиција, кучето кое со страотни крици падна од зграда,никој не го турнал

Катерина Ѓуровски