Фондот за иновации објави тендер за правни услуги од 20 илјади евра

Од:

Фондот за иновации на Електронскиот систем за јавни набавки објави тендер за набавка на правни услуги за период од една година (2018/2019) со проценета вредност од 1 милион и 230 илјади денари или приближно 20 илјади евра. Огласот е објавен на 16 август, а целта е да обезбеди правна помош, консултации и правни совети.

Правните услуги, меѓу другото, опфаќаат и стручна поддршка при дефинирање критериуми за подобност на корисниците на Фондот од различни инструменти за поддршка, дефинирање процедури за финансиски исплати кон корисниците од инструментите за поддршка, усогласување на критериумите за доделување поддршка со одредбите од законодавството за државна помош.

Постапката за доделување на договорот треба да ја спроведе Комисија за јавни набавки при Фондот за иновации составена од 3 члена. Критериумот за избор е економски најповолната понуда.

Васко Маглешов

Би можело да ве интересира

Јанушев: Обвинителството да отвори истрага за грантовите од ФИТР на Дрин Ахмети, од шест милиони по огласот, тој добил пет

ФИТР со реакција: Внукот на Ахмети барал повеќе пари за иновации ама му одобриле само 82.000 евра

А1он

Фондот за иновации потрошил еден милион евра за хонорарци и експерти кои не поминале интервју, открија ревизорите

A1on

МАСИТ: Цоневски со волонтерски ангажман во Комисијата, не подлежи на поднесување анкетен лист

Катерина Ѓуровски

Саша Максимовски ги демантира тврдењата на ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

ФИТР: Почнува проектот за дигитализација на повеќе од пет милиони оргинални записи на Институтот „Крсте Мисирков“

Ана Ололовска