ФИТР: За 30% зголемен бројот на апликации на „Стартапувај 2“, процесот на евалуација и селекција онлајн

Од:

Рекорден број 235 стартап компании аплицираа на вториот јавен повик „Стартапувај 2“, наменет за кофинансирани грантови за новоосновани компании кој Фондот за иновации и технолошки развој го спроведува во соработка со Светска банка, што е за 30% повеќе во споредба со првиот повик наменет за поддршка на стартапи реализиран минатата година на кој беа пријавени 186 апликанти.

Како што соопшти ФИТР, овие компании од Фондот побаруваат околу 7 милиони евра што е 4,5 пати повеќе од предвидениот буџет за повикот кој изнесува 1,5 милиони евра. Вкупниот обем на планирани инвестиции изнесува 9 милиони евра од кои над 2 милиони е влог на самите компании бидејќи Владата на Република Северна Македонија преку овој повик обезбедува поддршка до 85% во максимален износ до 30.000 евра, додека останатите 15% се средства на апликантите. Фокусот на овој инструмент се младите, а целта е поттикнување на истражувачките и развојните процеси на нови бизниси.

Според првичните анализи, се наведува во соопштението, компаниите планираат 660 нови вработувања за реализација на овие проекти. Најголем дел од нив се микро (208) и мали (27). Доминантен е ИТ секторот, но апликации има и од 14 други области, меѓу кои маркетинг, трговија и продажба, медицина и здравство, како и угостителство, земјоделство и образование. Позитивен тренд има и во зголемување на бројката на градови и општини во кои се регистрирани компаниите. Иако во најголем дел се од Скопје, апликантите доаѓаат од 30 градови и општини, меѓу кои и од Штип, Битола, Кавадарци, Струга, Тетово, Охрид, Неготино, Дебар, Кичево, Кратово, Крива Паланка, но и од Росоман, Сопиште, Босилово и Дебарца.

Во услови на засилени превентивни мерки за заштита од Ковид-19, а со цел непрекинато функционирање на процесот, процесот на евалуација и селекција продолжува онлајн и дигитализирано согласно препораките и мерките на Владата за справување со ширење на коронавирусот.

-Фондот ја започнува административна проверка на пристигнатите предлог апликации и во согласност со мерките за превенција, наместо апликантите ќе ги обезбеди потребните документи поврзани со институциите до кои има пристап (нпр. Централен регистар). Во однос на документите кои треба да се поднесат лично, во оваа фаза апликантите ќе бидат ослободени од оваа обврска и истите ќе биде овозможено да ги достават пред потпишување на договорите. Ваквото олеснување е со цел подобра заштита на граѓаните и користење на предноста на веќе воспоставените механизми во ФИТР за целосна дигитализација на процесот на аплицирање, се посочува во соопштението.

По фазата на административна проверка, следи претселекција која ја вршат домашни стручни лица. Финалните одлуки за финансирање ќе ги донесе Комитетот за одобруваање на инвестиции, составен од петмина странски експерти. Проектите ќе бидат оценувани според степен на иновативност, квалитет на проектот, капацитет на проектниот тим, пазарен потенцијал и влијание.

Јавниот повик “Стартапувај 2“ беше објавен на 25 декември 2019, а поради зголемениот интерес, особено од студенти и млади од целата држава, рокот за аплцирање беше продолжен до 15 март, 2020 година, нпотсетуваат од ФИТР.

Би можело да ве интересира

Јанушев: Обвинителството да отвори истрага за грантовите од ФИТР на Дрин Ахмети, од шест милиони по огласот, тој добил пет

ФИТР со реакција: Внукот на Ахмети барал повеќе пари за иновации ама му одобриле само 82.000 евра

А1он

Фондот за иновации потрошил еден милион евра за хонорарци и експерти кои не поминале интервју, открија ревизорите

A1on

МАСИТ: Цоневски со волонтерски ангажман во Комисијата, не подлежи на поднесување анкетен лист

Катерина Ѓуровски

Саша Максимовски ги демантира тврдењата на ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

ФИТР: Почнува проектот за дигитализација на повеќе од пет милиони оргинални записи на Институтот „Крсте Мисирков“

Ана Ололовска