ФИТР: Македонскиот стартап екосистем е нашиот стратешки приоритет

Од:

Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР) и Асоцијацијата на стартап заедницата на Република Северна Македонија – Стартап Македонија, потпишаа меморандум за соработка, со цел спроведување и јакнење на меѓусебната соработка.

Договорот, како што соопшти ФИТР, подразбира поттикнување и афирмација на областите од заеднички интерес, пред се во областа на иновациската дејност и стартап заедницата.

– Развојот на македонскиот стартап екосистем ќе биде стратешки приоритет на ФИТР во наредниот период. Сметам дека земјата има огромен потенцијал и со заеднички и инклузивен процес, ќе ја позиционираме Република Северна Македонија како стартап хаб во регионот, изјави Коста Петров директор на ФИТР.

Соработката меѓу ФИТР и Стартап Македонија, додаваат, меѓу другото вклучува и дигитализација на стартап екосистемот и транспарентно достапни податоци, подобрување на законската регулатива за стартап компаниите и нивниот пристап до странски пазари.

Претседателот на Асоцијацијата Дејан Алексовски, посочи дека државата и стартап заедницата мора да соработуваат заедно, за да се случат реално потребните промени за подобар екосистем.

– Со ФИТР ја продолжуваме, и со овој Меморандум интензивираме соработката во интерес на стартапите. Успешен стартап екосистем не се гради преку ноќ но ме радува дека постои волја, сериозно да се пристапи кон решавање на многуте предизвици за да се креираат, развиваат, и растат успешни стартап приказни од Македонија, рече Игор Маџов, програмски директор на Стартап Македонија.

Портофолиото на ФИТР брои 305 стартап компании со вкупно кофинансирање од 17,3 милиони евра.

Би можело да ве интересира

Јанушев: Обвинителството да отвори истрага за грантовите од ФИТР на Дрин Ахмети, од шест милиони по огласот, тој добил пет

ФИТР со реакција: Внукот на Ахмети барал повеќе пари за иновации ама му одобриле само 82.000 евра

А1он

Фондот за иновации потрошил еден милион евра за хонорарци и експерти кои не поминале интервју, открија ревизорите

Орце Костов

МАСИТ: Цоневски со волонтерски ангажман во Комисијата, не подлежи на поднесување анкетен лист

Катерина Ѓуровски

Саша Максимовски ги демантира тврдењата на ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

ФИТР: Почнува проектот за дигитализација на повеќе од пет милиони оргинални записи на Институтот „Крсте Мисирков“

Ана Ололовска