#FITR CLASSROOM вебинар со Марвин Лиао – Фокусирајте се на вашите клиенти допрва ќе се отвораат многу можности

Од:

Во рамките на новата иницијатива на ФИТР наречена #FITR CLASSROOM, еден од најеминентните ангел инвеститори во Силиконската долина Марвин Лиао, ги советуваше македонските стартапџии за тактиките, процесите и системите за ефективен влезен маркетинг и продажба, на првиот вебинар кој се одржа вчера.

Како што соопшти ФИТР денеска, Лиао, кој зад себе има дводецениско искуство во вложувања во ризичен капитал, технолошки бизниси и стартапи, посочи дека компаниите низ целиот свет минуваат низ тежок период предизвикан од пандемијата со ковид 19, но дека новонастаната ситуација отвора нови можности.

– Фокусирајте се на вашите клиенти, бидејќи допрва ќе се отвораат многу можности, регионално и глобално, затоа што буквално се се менува оваа година. Сменето е однесувањето на клиентите, навиките на купувачите, однесувањето на големите компании-купувачи односно во начинот на кој работат компаниите има фунадментални промени на сите нивоа. Сето ова значи дека не очекуваат големи можности и затоа ве охрабрувам иако во моментов изгледа тешко, да се адаптирате и борите да го надминете периодов, порача Марк Лиао.

На интерактивната онлајн средба, стои во соопштението, учесниците имаа можност да слушнат и за техники кои помагаат за бизнисите да се позиционираат и растат побрзо, особено стартапите.

Директорот на Фонд за иновации и технолошки развој Коста Петров, на вебинарот најави имплементирање долгорочна стратегија за инвестирање во претприемачите и македонскиот стартап сектор преку споделување знаење и научени лекции од светски експерти. Ова, како што наведуваат од ФИТР, е само првата од повеќето иницијативи во следниот период со кои Фондот ќе инвестира во знаењето на македонските претприемачи и стартап заедницата, како придонес за нивен раст и дополнителен развој.

Следниот вебинар е закажан за 9 декември 2020 во 19 часот, на тема “Брендирање на вработените“, т.е. Employee branding со Серџан Шимшек Арнаутовиќ кој е регрутер за Среден Исток, Турција, Африка, Централна и Источна Европа во „Фејсбук“. Вебинарите се бесплатни и достапни преку платформата Зум (ZOOM) и ќе се одржуваат два пати месечно со светски познати експерти од различни компании.

Би можело да ве интересира

Јанушев: Обвинителството да отвори истрага за грантовите од ФИТР на Дрин Ахмети, од шест милиони по огласот, тој добил пет

ФИТР со реакција: Внукот на Ахмети барал повеќе пари за иновации ама му одобриле само 82.000 евра

А1он

Фондот за иновации потрошил еден милион евра за хонорарци и експерти кои не поминале интервју, открија ревизорите

A1on

МАСИТ: Цоневски со волонтерски ангажман во Комисијата, не подлежи на поднесување анкетен лист

Катерина Ѓуровски

Саша Максимовски ги демантира тврдењата на ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

ФИТР: Почнува проектот за дигитализација на повеќе од пет милиони оргинални записи на Институтот „Крсте Мисирков“

Ана Ололовска