Финска ја поддржува дополнителната финаниска помош за Грција

Од:

Финска смета дека на Грција треба да и се одобри дополнителна финансиска помош од еврозоната, доколку се покаже дека земјата има потреба од таква помош.

– Никој не може да ги префрли одговорностите на сопствената земја врз другите, но доколку ситуацијата е тешка, ќе треба да ја земеме предвид стабилноста на еврозоната и да бидеме подготвени да им помогнеме на земјите кои западнаа во криза, изјави финскиот премиер Јорки Катајнен.

Хелсинки претходно беше противник на отпуштање помош за Грција и по тоа прашање имаше сличен став како Германија, Австрија и Холандија.

Претходно оваа недела претседателот на Еврогрупата, Јерун Дејселблум изјави дека во декември земјите од еврозоната ќе ја разгледаат можноста за доставување трет пакет помош за Грција. Досега од двата спасувачки пакети Грција доби 250 милијарди евра.

Според Дејселблум кон средината на следната година, кога ќе заврши втората програма, Грција ќе има потреба од дополнително надворешно финансирање во износ од пет до шест милијарди евра.

 

 

Би можело да ве интересира

Гужва за влез во Грција: На Богородица се чека по еден час

А1он

Двајца Македонци осудени на по пет години затвор во Грција, внесувале фалсификувани лични документи

Грција воведува шестдневна работна недела

ВИДЕО: Уапсени двајца Срби, поранешни членови на „Пинк Пантер“ – оргабувале златарници во Атина

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос

Преспанскиот договор оспорен во предизборието, анализира грчки Катимерини

Александар Тодески