„Фајненшл тајмс“: Нa Грција можеби ќе и бидат потребни уште 11 милијарди евра помош

Од:

Грција можеби наскоро ќе биде принудена да побара дополнителна финансиска помош од Европската унија од 11 милијарди евра, пишува денеска весникот „Фајненшл тајмс“.

– Потребно е да се разгледа и можноста за големи отпишувања на кредитите, доставени од ЕУ до Атина, со цел да се намали задолжувањето на Грција до разумни граници, нагласува весникот, цитирајќи експерти од Меѓународниот монетарен фонд.

Весникот додава дека на седницата на раководството на ММФ оваа недела претставникот на Бразил бил воздржан при гласањето за следната транша од 1,8 милијарди евра од меѓународната помош за Грција.

Освен тоа Бразил, кој во моментов претставува 11 латиноамерикански држави во раководнтие органи на ММФ, ги критикуваше оценките за способноста на Грција да се справи со својот надворешен долг, додава „Фајненшл тајмс“.

Би можело да ве интересира

Гужва за влез во Грција: На Богородица се чека по еден час

А1он

Двајца Македонци осудени на по пет години затвор во Грција, внесувале фалсификувани лични документи

Грција воведува шестдневна работна недела

ВИДЕО: Уапсени двајца Срби, поранешни членови на „Пинк Пантер“ – оргабувале златарници во Атина

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос

Преспанскиот договор оспорен во предизборието, анализира грчки Катимерини

Александар Тодески