„Фајненшел тајмс“: Во светот се создаде нова „голема седумка“

Од:

Во светот се формира нова „голема седумка“, која ја сочинуваат Бразил, Индија, Индонезија, Кина, Мексико, Русија и Турција.

Според вчера објавениот преглед на деловниот весник „Фајненшел тајмс“, оваа нова глобално силна седумка, според бруто домашниот производ, има подобри показатели на паритетот на куповната моќ на земјите од Големата седумка (Велика Британија, Германија, Италија, Канада, САД, Франција и Јапонија), пренесе ТАСС.

Заклучокот го направиле економските аналитичари  на весникот, откако во вторникот го проучиле најновиот извештај на Меѓународниот монетарен фонд.

Според документот, збирниот показател за БДП, според показателот паритет на куповната моќ, на „новата седумка“ изнесува 37,8 билиони долари, додека кај  Г-7 тој достигнал едвај 34,5 билиони. долари.

Во индивидуалниот ранкинг за 2014 година Кина го зазема првото место според посочениот показател за БДП, со своите 17,6 билиони долари, спуштајќи ги САД на второто место со 17,4 билиони долари. Русија го зазема шестото место на оваа рејтинг листа, пред Франција и Велика Британија.

Според истражувањето на „Фајненшел тајмс“, податоците покажуваат неочекувани промени во балансот на силите на светската сцена.

– Сега во првата дваесетка на рејтинг листата половината позиции ги заземаат земји со економии во забрзан развој, наведува лондонскиот весник.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Руски медиуми: Автобус полн со луѓе падна во река во Санкт Петербург, има загинати

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Автобус полн со патници падна во река во Санкт Петербург

Горан Наумовски

Вучиќ: Србија и Кина напорно работеa за да ги развијат односите

Заменик-министерот за одбрана на Русија обвинет за поткуп од една милијарда рубли

Горан Наумовски

Кинескиот претседател Џипинг денеска во Србија

Русија се закани дека ќе ја нападне Велика Британија

Горан Наумовски