Еврозоната треба да гледна подалеку од монетарната политика

Од:

Фајненшел тајмс – Лондон

Претседателот на Европската централна банка (ЕЦБ) е во право кога повикува за пофокусирани напори за економски раст.

Раководењето со посткризното економско заздравување во 19-те држави, воопшто не е лесна задача. ЕЦБ располага со еден од највлијателните обврзувачки инструменти, спроведувајќи контрола врз количеството пари во обртниот и каматниот процент, кога тие се давани на кредит.

Но, безживотната економија во еврозоната наведува на помислата дека е можно паричните стимули сами по себе да не донесат онолку економско заздравување кое блокот со нетрпение го очекува. ЕЦБ треба да го направи тоа што може, но е неопходно владите на земјите од еврозоната исто да се активираат.

Марио Драги, претседателот на ЕЦБ, сигнализираше дека е подготвен да направи повеќе за стимулирање на економијата. Имајќи ги предвид очекувањата за пад на инфлацијата, банката е подготвена да искористи широка палета на инструменти за борба против заканата од дефлација.

Претседателот на ЕЦБ не страда од недостиг на увереност во силата на институцијате што ја предводи. Несомнено, еврозоната во голема мера го должи враќањето кон економскиот раст во последниве години на паричниот стимул од ЕЦБ.

Во услови кога економскиот раст се уште е чувствителен под нивоата од пред кризата и инфлацијата стана негативна во септември, Драги јавно сака да ја омекне монетарната политика уште повеќе. Повеќето набљудувачи очекуваат овие активности да бидат под формата на нов круг квантитативно олеснување или понатамошно намалување на каматните проценти.

Сега е момент да се мисли потворечки. Бран по бран откупување на активи, придружени со силна реторика на претседателот на ЕЦБ како поддршка на омекнатата монетарна политика, неизбежно се потчинуваат на законот за намалениот поврат.

Наместо да и даваат отчет единствено и само на ЕЦБ, владите на земјите од еврозоната имаат и други начини да се обидат да се вратат кон еден солиден економски раст на здрави основи. Тоа бара еврозоната пред се да се ослободи од оние економски ситуации кои ја создадоа последната рецесија.

Веќе беа преземени некои делумни мерки, како што беше банкарската реформа, со цел да се намали изложеноста на корисниците кон ризичните дејности на банките. Но, така не стојат нештата со прекумерното земање кредити, на кои се потпираат домаќинствата, како и со ниската продуктивност.

Владите се обидуваат да ги намалат кредитите. Но, вниманието не може да биде насочено само кон скратувањето на буџетскиот дефицит. Иако ги ставаат расходите под контрола, строгите мерки за економија по правило го кочат економското заздравување. Балансирањето со националнте буџети е исклучително тешко, кога економијата е во стагнација, и намалувањето на државниот долг треба да е цел само на долгорочен план.

Наместо тоа, потребно е лидерите на земјите од еврозоната во голема мера да ја искористат неутралната фискална позиција за да ги зголемат државните инвестиции и внимателно да ги насочат.

Еврозоната има потреба од структурни реформи. Многу политики кои си поставија за цел да ги скратат трошоците на трудот и да ја зголемат конкуретноста, всушност можат да ги намалат побарувачката и економскиот раст на долгорочен план.

Од друга страна, изградбата на инфраструктурата може да помогне за преобразба на економијата и истовремено со тоа да се зголеми директната побарувачка. Зголемувањето на продуктивноста, која ќе следува, на свој начин ќе им даде основа на компаниите да ги претворат евтините кредити во инвестици.

Но, владите не смеат тука да запрат. Ограничувањата на бирократијата во бизнис секторот и зголемувањето на ефективноста на судскиот систем – кој е клучен елемент од реформите на италијанскиот премиер Матео Ренцини – нема многу да чинат, ниту пак ќе ја намалат побарувачката.

Сосема е можно еврозоната да има потреба од нова програма за квантитативно олеснување. Но, националните влади треба да размислат и за својот сопствен придонес за генерирањето на посилен економски раст.

Марио Драги често истакнува дека ЕЦБ не може сама да постигне економско здравје во еврозоната. Смелиот стремеж кон фискална разумност не значи дека рацете на владите им се врзани. Време е да запреме со згоелмувањето очекувањата за квантитативното олеснување од страна на ЕЦБ. Националните влади треба да преземат понатамошни чекори кон економско заздравување.

Би можело да ве интересира

ЕУ е должна 13.272,7 милијарди евра, што е 84 отсто од нејзиниот БДП

Ана Ололовска

Невработеноста во еврозоната на рекордно ниско ниво од 6,5 проценти

А1он

Анализа: Пад во стопанството на Еврозоната втор месец по ред

А1он

Инфлацијата во август достигна 9,1 отсто во земјите од еврозоната

А1он

Потрошувачите во еврозоната очекуваат висока инфлација и послаб економски развој

ЕК: Очекувањата на потрошувачите во ЕУ и во еврозоната на рекордно ниско ниво

Ана Ололовска