Еврозоната соочена со реалноста: Трајно бавен раст или распад

Од:

Излезот од долготрајната рецесија ќе бара зголемување на фискалниот дефицит, што ќе се финансира токму со пари од Европската централна банка. Прашање е дали лидерите отворено ќе признаат како навистина стојат работите.

Претседателот на Европската централна банка ЕЦБ со неодамнешниот говор на годишниот собир на гувернерите на централните банки во Џексон Холеј во Вајоминг, поттикна голем интерес кај јавноста, но импликациите на неговите забелешки се повеќе запрепастувачки отколку што се чинеше на почеток.

Ако се сака да се избегне распад на еврозоната, излезот од долготрајната рецесија ќе бара зголемување на фискалниот дефицит, што ќе се финансира токму со пари од ЕЦБ. Единствено прашање кое преостанува е дали лидерите отворено ќе признаат како навистина стојат работите. Поради најновите стопански показатели лидерите на еврозоната се присилени да се соочат со сериозни дефлаторни ризици кои се видливи веќе две години. Инфлацијата достигна далеку под целните 2 отсто на ЕЦБ, а раст на БДП нема.

Без одлучно политичко делување, исто како во Јапонија во 90-тите, еврозоната ја чека изгубена деценија, или две, со болно бавен раст. До минатиот месец се поголемата загриженост во врска со тоа беше намалувана со неубедливи политички предлози. Јенс Вајдман ја шокираше јавноста кога како претседател на Бундесбанката побара зголемување на платите. Но, тоа нема да се случи без поттик на политиката.

Координирана политика

Драги се обиде во преговорите да го намали валутниот курс на еврото, за да ја зајакне конкурентноста, а еврозоната веќе бележи вишок по тековната сметка. Германскиот модел на раст на извозот не може да се применува на Европа во целина. Недвојбено е дека во некои земји за јакнење на долгорочните потенцијали на раст, треба структурни реформи, но нивниот ефект на краткорочниот раст често е негативен. На еврозоната и треба поголема домашна побарувачка ако сака да се реши од должничкиот товар кој зад себе го остави преткризното неконтролирано трошење.

Имено, во државите како Шпанија и Ирска приватните долгови тогаш се искачија на неодржливо ниво.

Во други држави како Грција и Италија и јавниот долг беше превисок. Во обид да се отплатат долговите, беше намалена потрошувачката на граѓаните, деловните инвестиции и јавната потрошувачка.

Меѓутоа, последица од истовременото намалување на јавните и приватните финансиски институции е притисок на побарувачката и на растот. Така Јапонија, соочена со намалување на финансиските трошоци во приватниот сектор во 90-тите, уште подлабока рецесија избегна дури откако го зголеми јавниот дефицит. Од истата причина фискалното штедење во еврозоната стана цел која ги оправдува средствата.

Имено, колку поагресивно некоја влада, на пример италијанската, ја намалува потрошувачката или го зголемува даночниот товар, толку повеќе расте долгот на граѓаните (кој и така изнесува над 130 отсто од БДП) и станува се поизгледно дека ќе достигне неодржлива точка. До неодамна лидерите на еврозоната одбиваа да се соочат со таа реалност, но на 22 август во Џексон Хол, Драги конечно ја призна вистината. Без зголемување на вкупната потрошувачка, утврди тогаш, структурните реформи можат да се покажат неефективни, а зголемувањето на побарувачката бара фискален потток и експанзионистичка монетарна политика. Италијанските економисти Франческо Гавази и Гвидо Табелини објаснија што точно мислеле под терминот координирана фискална и монетарна политика.

Предлагаат даночни резови во износ од 5 отсто од БДП на период од 3 до 4 години во сите земји на еврозоната, финансирање на крајно долгорочниот јавен долг, кој во целост треба да ги откупи ЕЦБ. Тврдат дека самата постапка на квантитативно олеснување без фискални отпуштања би било целосно неефективно. Гавази и Табелини можеби предлагаат превисоки поттикнувања. Но, истакнуваат едно клучно прашање: како квантитативното олеснување ќе го поттикне стопанството? Британската Бенк ов Енгланд го претстави квантитативното олеснување како мерка исклучиво на монетарната политика, со која стопанскиот раст се одржува на прифатливо ниво пред потребната и посакуваната фискална консолидација.

Бенк ов Енгланд тврди дека квантитативното олеснување делува со намалување на среднорочните камати, со зголемување на цената на капиталот и поттик на промените во преференциите на инвеститорите, што директно влијае на инвестициите, па од тука и на побарувачката. Меѓутоа, ставот на американската Банка на сојузни резерви, донекаде е недоречен.

Потпретседателот на таа банка Стенли Фишер, исто како поранешниот претседател Бен Бернанки, потенцира дека преуранетата фискална консолидација може да го одложи посткризното зајакнување. Поради тоа Банката на сојузни резерви квантитативното олеснување го гледа делумно како алат со кој ќе се обезбеди, акционерскиот приход да не ги загрози позитивните ефекти од високиот дефицит. Ставот на американската Банка на сојузни резерви во тој поглед е поверодостоен. Фискалниот поттик има директно и силно влијание на побарувачката. Со зборовите на Милтон Фридман, тој влегува директно во постоечките доходовни текови. Монетарниот поттик без другите мерки не е толку директен, подолго трае, а постои и опасност од непосакувани нуспојави. Постојано ниските камати на неуспешните компании овозможуваат да продолжат да се борат, што го успорува растот на производството, поскапувањето на капиталот дополнително ја влошува состојбата поврзана за нееднаквоста, а монетарниот поттик делува само така, што повторно го разгорува растот на пазарот на кредити на граѓаните, поради што е создадено должничко оптоварување кое и доведе до кризата.

Откуп на обврзници

Но, ако фискалниот поттик мора да се спроведува по пат на откуп на обврзници од страна на централната банка со цел да се спречи зголемувањето на приходите и да се намали стравот за одржливоста на долгот, дали тоа не се сведува на монетарно финансирање на фискалниот дефицит? Одговорот зависи од тоа дали откупот ќе се покаже траен. Во Јапонија, каде централната Банка денес поседува владини обврзници во вредност од 35 отсто од БДП (а таа количина забрзано расте), недвојбено е така. Не постои веродостојно сценарио според кое Јапонија може да оствари фискални вишоци доволно големи за отплата на насобраните долгови, што значи дека значителен дел од нив трајно ќе се задржи на билансот на јапонската централна Банка.

Слично на тоа, ако се усвои предлогот на Гавази и Табелини, резултатот речиси ќе биде трајно зголемување на билансот на ЕЦБ. Дали таа можност треба да ја признаеме експлицитно и однапред? Аргументот во прилог на тоа е дека со тоа би се поттикнала загриженост за можноста за отплата на зголемениот јавен долг и начинот на кој ЕЦБ некогаш може да се извади од надуваните биланси, што пак би ги загрозило поттикнувачките последици на фискалната и монетарната координација. Спротивни аргументи се повикуваат на морална закана: признаваме ли дека скромните дефицити финансирани од ЕЦБ во овој момент се можни и прифатливи, што ќе ги спречи политичарите и гласачкото тело и во други прилики да побараат големи и инфлациски дефицити финансирани од ЕЦБ?

Политички ризик

Јасно е дека политичките ризици се големи. Поради тоа оптимална мерка можеби би бил своевидно непримерен спој, бидејќи монетарната и фискалната координација може да значи и трајно монетарно финансирање по почетното спроведување, а таа можност никогаш отворено да не се признае.

Ако дојде до тоа, Драги драматично го покачи тонот на оваа расправа. Но, без поголема улога на фискалната политика, еврозоната ќе мора да се соочи или со трајно бавен раст или со можност за распад.

Пословни дневник – Загреб

Би можело да ве интересира

Ахмети: Александар Дугин, главата на руските политики има партија во Македонија

Нови промени за сообраќајните казни во ЕУ: Никој веќе нема да може да ги избегне

ЕУ постигна привремена спогодба за нови правила за трговија со огнено оружје

СДСМ: ЕУ е единствен патоказ за подобра македонска иднина

А1он

Европската Комисија ќе обезбеди општи рамковни услови за почеток на преговорите со Украина за пристапување во ЕУ

ЕУ за А1он: Измените на Законот за игри на среќа не упатуваат ниту на ограниченото европското законодавство

Александар Тодески