Евростат: Се намалува невработеноста во ЕУ и во Еврозоната

Од:

Сезонски адаптираната стапка на невработеност во Еврозоната, во првиот месец од оваа година изнесувала 11,2 проценти, што е намалување од 11,3 отсто во декември 2014 година и од 11,8 проценти во јануари минатата година, покажуваат последните податоци на Европската канцеларија за статистика (Евростат). Стапката на невработеност на ниво на Европска унија, пак, изнесувала 9,8 отсто во јануари 2015 година, што е намалување од 9,9 проценти во декември 2014 година и од 10,6 проценти во јануари 2014 година, јави дописникот на МИА од Брисел.

Евростат проценува дека 23.815.000 мажи и жени во ЕИ, од кои 18.059.000 во Еврозоната, биле невработени во јануари 2015 година, па во споредба со декември 2014 година, бројот на невработени лица е намален за 156.000 во Унијата, односно за 140.000 лица во Еврозоната. Во споредба со јануари 2014 година, невработеноста се намалила за 1.8 милиони лица во ЕУ, односно за 896.000 лица во Еврозоната.

Меѓу земјите-членки на Унијата, најниска стапка на невработеност во јануари 2015 година е регистрирана во Германија (4.7 отсто), Австрија (4,8%), а највисока во Грција (25,8%) и во Шпанија (23,4%). Во споредба со пред една година, стапката на невработеност во јануари 2015 година паднала во 24 земји-членки, а останала стабилна во Белгија , додека се зголемила на Кипар (од 15,7% на 16,1%), Финска (од 8,4% на 8,8%) и во Франција (од 10,1% до 10,2%).

Најголемо намалување на невработеноста е регистрирана во Шпанија (од 25,5% на 23,4%), Естонија (од 8,5% на 6,4% во периодот меѓу декември 2013 и декември 2014 година) и Ирска (од 12,1% на 10,0%).

Во јануари 2015 година, стапката на невработеност во САД изнесувала 5,7 проценти, во споредба со 5,6 отсто во декември 2014 година и 6,6 проценти во јануари 2014 година.

Во однос на невработеноста на младите, во јануари 2015 година дури 4.889.000 млади лица (под 25 години) биле невработени во Европската унија, од кои 3.281.000 се во Еврозоната. Во споредба со јануари 2014 година, невработеноста кај младите е намалена за 562.000 лица во ЕУ, оддносно за 259.000 во Еврозоната. Во јануари 2015 година, стапката на невработеност на младите била 21,2 отсто во ЕУ и 22,9 проценти во Еврозоната.

Во јануари 2015 година, биле забележани од најниските стапки на невработеност на млади во Германија (7,1%), Австрија (8,2%) и Данска (10,8%), а највисока во Шпанија (50,9%), Грција (50,6%), Хрватска (44,1% во четвртиот квартал од 2014 година) и Италија (41.2%).

Би можело да ве интересира

Ахмети: Александар Дугин, главата на руските политики има партија во Македонија

Нови промени за сообраќајните казни во ЕУ: Никој веќе нема да може да ги избегне

ЕУ постигна привремена спогодба за нови правила за трговија со огнено оружје

СДСМ: ЕУ е единствен патоказ за подобра македонска иднина

А1он

Европската Комисија ќе обезбеди општи рамковни услови за почеток на преговорите со Украина за пристапување во ЕУ

ЕУ за А1он: Измените на Законот за игри на среќа не упатуваат ниту на ограниченото европското законодавство

Александар Тодески