Евростат: Невработеноста во ЕУ се намалува

Од:

Европската канцеларија за статистика (Евростат), денеска ги објави најновите бројки за невработенсота во Европската унија и во земјитеод Еврозоната, при што се констатира дека за разлика од март минатата година, зголемен е бројот на вработени во ЕУ и земјите што го користат еврото како официјална валута.

 Како што јавува дописникот на МИА од Брисел, минатиот месец се регистрирани 11,8 проценти невработени во Еврозоната, односно 10,5 отсто невработени во Унијата, што кај Еврозоната е за 0,2 индексни поени помалку во однос на март 2013 година, додека кај земјите-членки на ЕУ е за 0,4 индексни поени помалку.

Според Евростат, 25,6 милиони мажи и жени во Европската унија, од кои 18,9 милиони во Еврозоната, се регистрирани како невработени минатиот месец.

Споредено со февруари оваа година, бројот на невработнеи се намалил за 66.000 во ЕУ, односно 22.000 во Еврозоната. Во споредба, пак со истиот месец минатата година, бројот на невработени во Унијата е намален за 929 илјади лица, а во Еврозоната за 316 илјади лица.

Инаку, кај земјите-членки на Унијата, најмал процент на неврбаотеност има во Австрија (4,9%), потоа во Германија (5,1%) и Луксембург (6,1%), додека нејвисок процент на невработени е забележан во Грција (26,7%) и Шпанија (25,3%). Во според со лани, стапката на невработеност се зголемила во десет земји-членки на Унијата, останала стабилна во три и паднала во 15. ЕУ-земји.

Најголем број на лица што во периодов останале без работа е забележан во Кипар (од 14,8% на 17,4%) и Холандија (од 6,4% на 7,2%), додека најголемо намалување на невработеноста има во Унгарија (од 11,2% на 7,9%).

Европската канцеларија за статистика објави дека невработеноста во САД изнесува 6,7 проценти, што во споредба со март минатата година е намалување за 0,8 проценти.

Во однос на бројто на невработени кај младите лица, минатиот месец дури 5,3 милиони лица на возраст од 15 до 24 години биле невработени во ЕУ, од кои 3,4 милиони во Еврозоната. Тоа, во споредвба со март 2013 година е намалување за 322.000 во Унијата, односно 166.000 во земјите кои го користат еврото како официјална платежна валута.

Би можело да ве интересира

Ахмети: Александар Дугин, главата на руските политики има партија во Македонија

Нови промени за сообраќајните казни во ЕУ: Никој веќе нема да може да ги избегне

ЕУ постигна привремена спогодба за нови правила за трговија со огнено оружје

СДСМ: ЕУ е единствен патоказ за подобра македонска иднина

А1он

Европската Комисија ќе обезбеди општи рамковни услови за почеток на преговорите со Украина за пристапување во ЕУ

ЕУ за А1он: Измените на Законот за игри на среќа не упатуваат ниту на ограниченото европското законодавство

Александар Тодески