Евростат: ЕУ ја намали потрошувачката на гас за 20 отсто во последните четири месеци

Од:

Земјите од ЕУ во изминатите четири месеци ја намалија потрошувачката на природен гас за 20 отсто, во обид да се прилагодат на енергетската криза, објави денеска Евростат, агенцијата за статистика на Унијата.

Гледано во целина, бројката е поголема од доброволната цел од 15 проценти што ја потпишаа земјите-членки на Европската Унија во август.

Финска го предводи намалувањето на потрошувачка на гас за 53 отсто меѓу август и ноември, во споредба со просечната потрошувачка за тој период помеѓу 2017 и 2021 година, соопшти Евростат. Сите земји, освен две од ЕУ, покажаа пад, при што големите економии Германија и Франција го намалија количеството искористено гас за 25 проценти и 20 проценти, соодветно, во тој период.

Малта и Словачка покажаа пораст во потрошувачката на гас за помалку од 10 отсто во текот на тие четири месеци. Кипар е единствената земја од ЕУ што не користи природен гас.

Би можело да ве интересира

Путин: Украина се уште добива пари од Русија за транзит на руски гас во Европа

Владата преговара со Американци кои треба да инсталираат гасни постројки во РЕК Битола

Орце Костов

Русите ќе градат голем објект на истокот на БиХ, во Република Српска

Унгарија потпиша нов енергетски договор со Русија

Молдавија повеќе не добива руски гас

ЕСМ за март ќе набави гас од Макпетрол по цена од 60,10 евра