Евростат: Албанија и Босна имаат најнизок БДП во Европа

Од:

Албанија и Босна имаат најнизок БДП по глава на жител од 37 држави во Европа, додека Бугарија е најсиромашна држава од Европската унија, соопшти Евростат.

Албанија има најнизок БДП и најниска поединечна потрошувачка меѓу 37 европски држави според извештајот на Евростат.

Извештајот опфаќа 28 држави од Европската унија плус Швајцарија, Исланд, Норвешка, Албанија, Македонија, Србија, Турција, Црна Гора и Босна.

Врз основа на прелиминарни резултати од 2013 година, албанскиот БДП е само 28 отсто од просекот на ЕУ. Босна има 29 отсто од просекот, додека БДП на Македонија е 36 отсто. На Србија БДП е 37 отсто, 40 отсто во Црна Гора.

Хрватска има БДП 61 отсто од просекот во Унијата. Таа држава е и пред Романија (55 отсто) и Бугарија со БДП од 45 отсто од просекот. Евростат наведува дека кога би се зела предвид куповната моќ, Луксембург има највисок БДП меѓу државите членки на ЕУ, кој е повеќе од 2,5 пати отколку просекот во Европската унија.

Би можело да ве интересира

Тирана: Девојче на училиште е каснато од змија, итно е пренесено во болница

Нови детали од последните часови на несреќната Алма која со трите деца се удави во реката Бојана

Обвинение против сопругот на Алма која со децата се удави во реката Бојана

Пронајдено е телото на второто девојче кое со мајката скокна во река

Бугарската амбасада во Албанија донираше во општина Пустец: „Секоја донација без задни намери е добредојдена“

А1он

Македонците, заедно со Власите, Ромите и Египќаните бараат гарантирани пратенички места во албанскиот парламент