Македонија мора да работи и има простор за подобрување на искористување на средствата од европските фондови. Мора да ги подобри капацитетите на институциите и вработените кои се вклучени во структурата попосветено да работат.
Ова беше порачано на денешната презентација на струдијата „Управување со инструментот за претпристапна помош – практики и предизвици“ организирана од Евротинк – Центарот за европски стратегии и Фондацијата отворено општество – Македонија.
– Средствата треба да ги искористите ефикасно, но и ефективно. Ние не сме лоши и вие не сте лоши. Можеме подобро и стапката за склучување на договорите би била многу поголема и подобра, но не нешто повеќе од 59 проценти, рече на презентацијата Никола Бартолини од Европската делегација во Скопје.