Со европски проект ќе се обучуваат МСП за користење на ЕУ фондовите

Од:

Зголемување на конкурентноста на националната економија преку подобрување на капацитетите на клучните чинители за развивање заеднички активности за искористување на расположливите фондови на ЕУ е целта на проектот „Јакнење на локалните бизниси за предизвиците на глобалните пазари“, чиј официјален старт беше објавен денеска.

Проектот се спроведува во рамки на Националната програма за помош при транзиција и градење на институциите (ТАИБ) за 2013 година, Компонента 1 (ИПА1).

Проектот е осумнаесетмесечна иницијатива, која се имплементира во периодот меѓу 15 декември 2017 и 16 јуни 2019 година од страна на Здружението за одржлив развој Милиеуконтакт од Македонија во партнерство со италијанската агенција Цепиемонте, чија главна дејност е привлекување странски инвестиции за нивните локални компании, држење обуки на менаџерите на компаниите.

Целни групи на проектот се македонските мали и средни претпријатија, македонските здруженија на граѓани, јавните институции и универзитетите.

Извршната директорка на Милиеуконтакт, Маја Марковска изјави дека програмите на ЕУ наменети за бизниси во Македонија се релативно неискористени.

Појасни дека тимот тренери и експертите, кои ќе бидат вклучени во проектот ќе разработи посебен план за обука, кој ќе се базира на потребите и искуствата на избраните мали и средни претпријатија и директно ќе работи со нив за да овозможи практична примена на стекнатото знаење и директна помош во развој на проектните апликации со конкретна цел и потреба за малите и средните претпријатија.

Освен директна поддршка и јакнење на капацитетите на претпријатијата за да ја зголемат својата конкурететност, во рамки на проектот Милиеуконтакт, Македонија со својот партнер од Италија организира и размена на искуства и склучување на партнерства со конкретна цел и потреба за мали и средни претпријатија.

Преку овој проект се очекува да се зајакнат капацитетите на малтеи и средните претпријатија за искористување на расположливите финансиски средства од фондовите на ЕУ и можностите за финансирање преку следните програми: Хоризон 2020, КОСМЕ, Ерасмус енд ЕНИФ Платформ.

Организаторите на проектот очекуваат да се воспостави силно и одржливо партнерство меѓу домашните мали и среди прептијатија и бизнис компаниите од Италија со цел заеднички настап на меѓународни проекти.

Вкупниот буџет на проектот е 194.654 евра. ЕУ учествува со 174.313 евра, а Милиеуконтакт со 20.341 евра.

Би можело да ве интересира

Амбасадорите на ЕУ се согласија да стават уште четири руски медиуми на листата на санкционирани

Стано: ЕУ очекува новите власти на Северна Македонија да продолжат со успешниот пристапен пат

ЕУ: Замрзнатите руски средства ќе се користат за воена помош за Украина

ЕУ постигна договор за користење на замрзнатите руски средства за воена помош за Украина

Писонеро: ЕУ очекува сите политички сили во Македонија да го поддржат напредокот на европскиот пат

Орце Костов

Ахмети: Александар Дугин, главата на руските политики има партија во Македонија