Еврогрупата размислува да и го намали долгот на Грција

Од:

Еврогрупата на вчерашната средба ја потврди својата обврска да и помогне на Грција, најавувајќи дека размислува на земјата да и прости дел од долговите, но дека тоа нема да го стори веднаш.

– Државите од еврозоната го потврдуваат својот ангажман да и ја дадат на Грција потребната помош, додека таа повторно не добие пристап до пазарите, под услови целосно да ги почитува барањата и целите на својата спасувачка програма, пишува во завршното соопштение од средбата на Еврогрупата.

Министрите за финансии на 11-те земји од ЕУ, кои сакаат да воведат данок врз финансиските трансакции, оддржаа одделна средба на маргините на заседанието на Еврогрупата. Тие направија „решителен чекор“ во правец од 2016 година да се воведе данок на трговијата со акции и некои деривати, пренесе ДПА, повикувајќи се на дел од министрите на средбата.

Во Брисел денеска ќе се оддржи средба на министрите за финансии на 28-те земји-членки на ЕУ. Се очекува на неа главна тема да биде проектот за данок на финансиките трансакции.

Би можело да ве интересира

ЕУ постигна договор за користење на замрзнатите руски средства за воена помош за Украина

Писонеро: ЕУ очекува сите политички сили во Македонија да го поддржат напредокот на европскиот пат

Орце Костов

Гужва за влез во Грција: На Богородица се чека по еден час

А1он

Двајца Македонци осудени на по пет години затвор во Грција, внесувале фалсификувани лични документи

Грција воведува шестдневна работна недела

ВИДЕО: Уапсени двајца Срби, поранешни членови на „Пинк Пантер“ – оргабувале златарници во Атина