Евробарометар: Европејците масовно уживаат во телефонски услуги без роаминг во рамки на ЕУ

Од:

Првото лето без трошоци за роаминг меѓу земјите членки на Европската унија покажа дека големо мнозинство Европејци ги препознале придобивките од новите правила и почнале да ги менуваат своите навики при патување во странство во рамки на Унијата, покажа истражувањето на „Флеш Евробарометар“ објавено денеска од страна на Европската комисија.

Како што јави дописникот на МИА од Брисел, благодарение на новите роаминг правила на ЕУ, воспоставени од 15 јуни 2017 година, потрошувачите можат да го користат својот мобилен телефон додека патуваат во странство во рамки на Унијата како да се дома, без да плаќаат дополнителни трошоци.

Според потпретседателот на Еврокомисијата и комесар за единствен дигитален пазар Андрус Ансип, Европејците во голем дел ги користеле своите телефони како дома кога патувале во рамки на Европската унија, без страв од шокирашки високи сметки за плаќање.

– И мобилните оператори инвестираа во мрежите за нашите нови правила за телекомуникации и ги поттикнаа таквите инвестиции, што треба да бидат усвоени од Европскиот парламент и од земјите членки што е можно поскоро, потенцираше еврокомесарот Ансип.

Еврокомесар за дигитална економија и општество Марија Габриел, пак, додаде дека ова е пример за ЕУ која конкретно го подобрува животот на европските граѓани. Според неа, потрошувачката е зголемена, исто како и побарувачката за мобилни услуги во Унијата.

– Истражувањето на Евробарометар покажува дека 71 проценти од Европејците се свесни дека роаминг трошоците се завршени, а 72 отсто сметаат дека тие или некој што го познаваат имаат корист од истото. Свеста за новите правила се зголемила кај 86 проценти кај оние кои патувале од 15 јуни во рамки на ЕУ, истакна еврокомесарката Габриел.

Би можело да ве интересира

Ахмети: Александар Дугин, главата на руските политики има партија во Македонија

Нови промени за сообраќајните казни во ЕУ: Никој веќе нема да може да ги избегне

ЕУ постигна привремена спогодба за нови правила за трговија со огнено оружје

СДСМ: ЕУ е единствен патоказ за подобра македонска иднина

А1он

Европската Комисија ќе обезбеди општи рамковни услови за почеток на преговорите со Украина за пристапување во ЕУ

ЕУ за А1он: Измените на Законот за игри на среќа не упатуваат ниту на ограниченото европското законодавство

Александар Тодески