Еуростандард банка: Продолжуваме со своето работење, заштедите на клиентите се безбедни

Од:

Еуростандард банка АД Скопје ја известува јавноста дека во текот на денешниот ден се пласирани лажни информации кои се однесуваат на функционалноста на редовното работење на банката а кои директно се на штета на самата банка и нејзините клиенти, велат од банката, по известувањето од Народната банка дека се укинува дозволата за основање и работење.

„За ширење на вакви шпекулации најгрубо се користи деловната мрежа на Македонска Пошта на РСМ како субјект со најразвиена бренд мрежа со што индиректно се обидува да се нанесе штета како на банката така и на целиот банкарски сектор, имајќи предвид дека преку Македонска Пошта на РСМ се врши најголемиот дел од платниот промет во земјата. Еуростандард банка најостро ги демантира овие невистини кои можат да имаат далекусежни последици кон банката и кон банкарскиот сектор како целина. За оваа појава Еуростандард банка веднаш ја извести НБРСМ и очекува дека истата ќе постапи согласно своите надлежности“, се вели во соопштението.

Од Еуростандард банка потенцираат дека банката продолжува со своето редовно работење, заштедите на клиентите се безбедни, истите се осигурени во Фондот за осигурување на депозити, се почитуваат сите законски регулативи за финансиско известување и за управување со ризиците од работењето.

Би можело да ве интересира

Средби со Светска банка: Светска банка со поддршка на реформските активности на Народната банка за пристапување кон СЕПА

Девизните резерви на крајот на февруари 4,28 милијарди евра

Се одржа јубилејната 50. сесија на Клубот на истражувачите

Надворешниот долг е зголемен за 305 милиони евра во последните три месеци од 2023 година

Орце Костов

Просечната каматна стапка на вкупните кредити во јануари зголемена, кај депозитите намалување на месечно ниво

Девизните резрви на крајот на јануари 4,33 милијарди евра