Народната банка денеска ја затвори „Еуростандард банка“

Од:

Стечајна постапка за „Еуростандард банка“ ќе побара Народната банка од судот, најави гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска. Таа кажа дека се направени максимални напори за да не се затвори банката, но кредитните загуби биле големи.

„Вложивме исклучителен напор за да не дојде до затворање на банката. Првенствено нашите напори се забележливи во супервизорските мерки кои ги спроведовме. Преку акционерите се обидовме банката да се стабилизира и да почне нормално да функционира. Кредитните загуби наметнаа потреба од поголеми вложувања кои не се реализираа“, рече Бежоска.

Сите други банки работат со добивка, рече гувернерката, според која ако се изземе „Еуростандард банка“, банкарскиот систем се подобрува за 21 процент.

„Сите податоци јасно покажуваат дека затворањето на банката е во функција на одржување и јакнење на банкарскиот систем и заштита на депонентите. Уверени сме дека банките ќе излезат во пресрет на досегашните клиенти на ‘Еуростандард банка’ со своите услуги и производи. Со тоа, ќе се потврди дека нашиот банкарски систем не само што е стабилен, туку и општествено одговорен“, додаде Бежоска.

Согласно состојбата до 31 јули 2020 година, обесштетени ќе бидат 136.619 депоненти или 99,4 отсто со вкупно 4,4 милијарди денари. Останатите 780 депоненти нема да бидат обесштетени или нема да бидат обесштетни во целост зашто ќе се покриваат само сумите во банката до 30.000 евра.

Во изминатиот период заради ризици во работењето Еуростандард банка била под засилен супервизорски надзор. НБ постојано и изрекувала мерки и го засилувала интензтетот на супервизијата за да се отстранат слабостите. Воспоставени ѝ биле и ограничувања на кредитната активност. Дозволено ѝ било кредитирање единствено на клиенти со ризик А и Б, а имала и построг дозволен лимит за поединчена изложеност кон клинетите, поставен на пет проценти од сопствените средства наспроти законскиот лимит од 25 отсто.

Во Еуростандард банка АД Скопје работеле околу 170 лица. Гувернерката изрази надеж дека тие ќе бидат апсорбирани од останатите банки зашто се работи за квалитетен кадар.

Еуростандард банка АД Скопје имаше и ексклузивен договор со Македонска пошта за користење на шлатерите за платен промет. Ангеловска-Бежоска рече дека со отворањето на стечајната постаја, тој договор престанува, а на Македонска пошта е да ја согледа потребата од склучување договор со други банки.

Би можело да ве интересира

Девизните резерви на крајот на февруари 4,28 милијарди евра

Се одржа јубилејната 50. сесија на Клубот на истражувачите

Надворешниот долг е зголемен за 305 милиони евра во последните три месеци од 2023 година

Орце Костов

Просечната каматна стапка на вкупните кредити во јануари зголемена, кај депозитите намалување на месечно ниво

Девизните резрви на крајот на јануари 4,33 милијарди евра

Отворена стечајна постапка за поранешно Фени: На работниците им должи 2,18 милиони евра за плати

Орце Костов