„Еуромакс Рисорсис“ со уште една дебата за рудникот Иловица-Штука со локалното население

Од:

„Еуромакс Рисорсис“ и овој месец организираше јавна дебата за жителите од општините во Струмичкиот регион за да ги запознае со сите мерки за заштита на животната средина и на здравјето на луѓето предвидени во проектот за рудникот Иловица-Штука, како и со економскиот развој што ќе го донесе проектот, соопштија денеска од оваа компанија.

– На средбата присуствуваа речиси 500 жители од општините, што е двојно поголем интерес во однос на претходната средба, вклучувајќи и претставници од невладиниот сектор. Жителите сакаа да дознаат што е можно повеќе за проектот, а активистите имаа можност да дебатираат со професорите околу мерките за заштита на здравјето на населението, на животната средина и се разбира, одржување на земјоделството во регионот, рече Варшан Гокул, извршен директор на Еуромакс Ресоурцес.

Одговорното рударство е цврста и безбедна основа за остварување економски раст, сметаат професорите Благој Голомеов од Факултетот за природни и технички студии при универзитетот “Гоце Делчев”, Штип и Љупчо Петковски од Градежниот факултет при универзитетот “Св. Кирил и Методиј”, Скопје.

Проектот за најголемата гринфилд инвестиција во Македонија од осамостојувањето, според професорот Голомеов предвидува обработка на рудата со наједноставен физички процес, флотација, безбеден за животната средина. Тој потенцираше дека цијанид и сулфурна киселина нема да се користат. Според професорот и земјоделството и рударството се гранки од стратегиска важност за економскиот развој на Македонија и нема реална причина да не коегзистираат заедно доколку се базираат на наука и на принципи на одговорно рударство.

-Со само 0,2 отсто реален раст на БДП во Македонија во 2017, овие две гранки на економијата се значајни и ниту една не смее да биде отфрлена. Земјоделството ангажира околу 120.000 лица со просечна нето месечна заработка од 290 евра. Рударството вработува околу 6.500 луѓе со просечна нето месечна плата од 486 евра или 68% повеќе од земјоделството. За директниот ефект по вработен во БДП, земјоделството придонесува со околу 6.600 евра годишно по земјоделец а рударството околу 23.100 евра по човек. Ако 10.000 луѓе имаат шанса да се префрлат од земјоделство во гранка со повисока додадена вредност како рударството, тогаш нивниот животен стандард, односно месечните примања ќе се зголемат за 68 отсто, би се зголемил и БДП за 166 милиони евра или за 1,7 проценти“, рече професорот Голомеов.

Професорот Петковски ги објасни карактеристиките на камено насипната брана, и примената на гео-текстилната мембрана што ќе се користи во хидројаловиштето како и стабилноста на насипот.

-Браната е камено насипна. Според конструкцијата е една од најстабилните затоа што јаловината се држи надвор од телото на браната и нема контакт со материјалот во потпорното тело. Кога ќе се исполнува таложното езеро, тогаш тоа ќе дејствува како товар што ја стабилизира браната. Ако бараниот коефициент на браните е 1,5, додека кај “Иловица-Штука” е до 5. Таа ќе биде постабилна од водните брани, потенцираше професорот Петковски.

Иловица–Штука ќе биде модерен рудник на можности со вкупната инвестиција од околу 340 милиони евра. Притоа, инвеститорот во наредните 20 години локално ќе троши околу 74 милиони евра годишно, додека за даноци годишно ќе се двојат по 24 милиони евра. Од нив 3 милиони евра ќе се влеваат во локалните општини по основ на концесиски надомест, стои во соопштението од синоќешната средба.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО ) „Еуромакс ресоурцес“ со последна опомена до власта да го почитува законот, пред да почнат арбитража тешка милијарди евра

A1on

Еуромакс Ресоурцес: За да доставиме ревидирана Студија за влијание врз животната средина неопходно е да се донесе одлука за спојување на концесиите

А1он

СДСМ: Пред да глуми загриженост, Мицкоски нека го праша својот потпретседател за Иловица

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ ги лаже граѓаните за рудникот Иловица, откако влезе Дестани во бизнисот оваа влада го оживеа проектот

Дали и министри ќе одговараат? Концесионерот на рудникот Иловица – Штука освен арбитража најавува директни правни постапки и против индивидуални лица

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Ковачевски: За Иловица треба да одговори ДПМНЕ, концесиите се дадени од Груевски