ЕУ ја забрзува трката по минерали – нов повик за рудници, Македонија ќе се усогласува

Од:

Европската Комисија го отвори вториот повик за стратешки рударски проекти, чија цел е обезбедување критични минерали за европската индустрија. Потпретседателот Стефан Сежурне нагласи дека токму овие проекти ја зголемуваат економската безбедност на ЕУ и се основа за зелената и дигиталната транзиција.

Новите апликанти ќе имаат корист од скратени постапки за дозволи и полесен пристап до финансии. Во првиот круг беа поддржани 47 проекти, главно за експлоатација на литиум, бакар и никел на европско тло.

„Со скратување на роковите од десет години на 27 месеци, со грантови и гарантирани заеми, ЕУ обезбедува невидена поддршка. Очекуваме уште поголем број стратешки проекти,“ изјави Сежурне.

Македонија, пак, подготвува нов Закон за рударство кој предвидува усогласување со европските правила. Министерката за енергетика Сања Божиновска нагласи дека ќе се обезбеди транспарентност и фер услови, додека претседателот на МАР, Диме Петровски, потсети дека модерниот живот ја зголемува потребата од минерали и одговорно рударство.

Иако државата располага со значителни резерви на бакар – со потврдени 700 илјади тони во Иловица – последната голема инвестиција во секторот датира од пред 40 години.

Би можело да ве интересира

Мема: Урсула фон дер Лајен се обидува да ја претвори ЕУ во Четвртиот Рајх

Европската Унија го укина роамингот за Украина и Молдавија

Уште две недели за да се искористи празничната промотивна понуда на ЕДС за деловните корисници

Мицкоски: Во фаза на потврда сме на три многу важни странски инвестиции – германска, грчка и турска во вредност од околу 120 милиони евра и 1.500 нови вработувања

Граѓаните свесни за загадувањето, но со ограничено знаење за еко-отпечатокот на облеката

Предраг Петровиќ

Медведев: Украинскиот народ стана „топовско месо“ за европската цивилизација