На Скопски саем од 23-ти овој месец почнува четвртиот Есенски ДОМА саем на кој ќе бидат изложени парчиња мебел по аутлет цени.
– На изложбена површина од 5,000 метри квадратни ќе бидат претставени парчиња мебел пред посетителите кои се заинтересирани да го преуредат својот дом, или пак се во фаза на негова градба или реновирање. Оваа саемска манифестација се одржува веќе четврта година по ред и горди сме што сме организатори на единствен настан од ваков вид кој во својата понуда има квалитетни парчиња мебел по сезонски намалени цени, изјави Сања Кондарко, оперативен директор на проектот во Скопски саем
Саемот ќе трае до 2 октомври до кога секој ќе има можност и време да го одбере своето омилено парче мебел.
Работното време на саемот ќе биде од 10:00-20:00 часот. Влезот за Есенскиот ДОМА саем ќе биде бесплатен.