Енерџи оил гас: Црна Гора „седи“ врз вредни ресурси

Од:

Грчката компанија Енерџи оил гас на крајот од минатата недела соопшти дека независната проценка која ја порачале покажала дека во два блока во општина Улцињ има 51 милијарда просторни метри природен гас и 144 милиони кубни течни ресурси, што вкупно е 438 милиони барели нафта.

Владата и грчката компанија Енерџи оил гас на 16 март оваа година потпишаа договор за концесија за производство и истражување на нафта и гас во црногорското крајбрежје. Концесијата се однесува на два блока во општина Улцињ.

Грчката компанија соопшти дека тоа е првиот извештај на независен проценител и бил подготвен од холандската Сивел анд асосиејтс (Netherland Sewell & Associates), и содржи податоци за проценка на гасните и течните ресурси за експлоатација во блоковите 4218-30 и 4219-26, над кои тие имаат 100 процент од правото на концесија.

Блоковите над кои Енерџи оил гас има право на концесија, зафаќаат површина од 338 квадратни километри во плитките води на црногорското крајбрежје.

– Изработката на извештајот е составен дел од првата тригодишна фаза на истражувањето, која подразбира задолжителна работна програма која вклучува сеизмичко 3Д снимање на двата блока, кои треба да се реализира во 2018 година, како и геолошки и геофизички студии. Вкупната инвестиција во оваа почетна фаза на истражувањето се проценува на пет милиони долари, се вели во соопштението на компанијата.

Како што објаснува, извештајот е важен чекор во одредувањето на потенцијалот на црногорското крајбрежје, кое сѐ уште не ѐ истражено.

– Црна Гора „седи” врз вредни ресурси на неискористен потенцијал на источниот Јадран, изјави Матиос Ригас, извршен директор на Енерџи оил гас.

Би можело да ве интересира

Полициска рација во просториите на црногорската Агенција за сузбивање на корупцијата

Инцидент во Бар: Со нож го нападнал сопствениот брат, уапсен е за обид за убиство

Во престрелка во Црна Гора е убиен 29-годишен маж

Горан Наумовски

По силниот, уште два помали земјотреси ја погодија Црна Гора: „Силно се почувствува во Никшиќ“

Горан Наумовски

Силен земјотрес во Црна Гора

Нов земјотрес e регистриран во Црна Гора