Од извори блиски на ЕЛЕМ, А1 дознава дека после враќањето од Кина на премиерот, катарски инвестициски фонд доставил писмо со намери до владата за купување на ЕЛЕМ во износ од 560 милони евра.
Иако владата зборуваше за заедничка инвестиција со Катарците за зголемување на производството на струја, во Македонија сепак се одлучиле за варијатна продажба од 51 процент.
Пресметките на Владата покажале дека значително се зголемува празнењето на буџетот , лошите показатели на економијата во Македонија како и новите проекти во мегапроектот „Скопје 2014“.
Овие пари повеќе од половината ќе бидат наменети за ликвидност во платниот промет, а половината ќе се потрошат на проектот „Скопје 2014“ за покривање на долговите до фирмите ангажирани во него, а дел, Владата ќе држи во резерва за исплата на пензии и плати, дознава А1.
Изворот во ЕЛЕМ за А1 потврди дека Владата продажбата ќе ја обзнани скоро. Формата уште не е јасна на продажбата заради тоа што Владата не отворила сеуште тендерска постапка за продажба па се бара начин како да се изведе тоа.