ЕЛЕМ: Нема распад на енергетскиот систем на државата

Од:

Tермоелектраната Битола 3 е веќе вклучена во електроенергетскиот систем на Република Македонија, додека ТЕ Битола 1 е подготвена и во текот на денот ќе биде ставена на електроенергетската мрежа. Оттука, не може да стане збор за било какво хаотично работење и распад на енергетскиот систем на државата, реагираат од ЕЛЕМ по прес конференцијата на СДСМ.

Како што веќе ја информиравме јавноста, во текот на вчерашниот ден се случи дефект на склопка во 6 kV постројка во термоелектраната Битола 2, што не предизвика никакви оштетувања на виталните делови на енергетскиот блок. Во моментов, стручни екипи во РЕК Битола преземаат активности за санација со што овој термокапацитет ќе биде ставен на располагање на електроенергетскиот систем во најкус можен рок.

И на крај да потсетиме уште еднаш дека АД ЕЛЕМ за време на застојот сите неопходни количини од електрична енергија за потребите на домаќинствата и субјекти на регулираниот пазар ги испорача од сопствените производни капацитети.

Би можело да ве интересира

Филипче: СДСМ нема да трпи уцени, ќе пропаднат обидите да се подели партијата

Меџити: Сакаме да бидеме фактор во влада која ќе биде европски ориентирана

Александар Тодески

Меџити не кажува дали Уставните измени остануваат услов за формирање на влада: Сега сме фокусирани на победата

СДСМ: Опасни се најавите на ДПМНЕ за блокада на европскиот пат на државата

СДСМ: Бојкоти и црни сценарија се одлика на ДПМНЕ

СДСМ: Нема откажување, повикуваме на мобилизација на сите прогресивни сили на 8 мај

Горан Наумовски