Електричните цигари тренд вреден две милијарди

Од:

За малите и големите производители на електрични цигари иднината зависи од законските рамки кои допрва треба да се воспостават.

Едни ги користат како средство за одвикнување, други поради фактот дека нивното конзумирање е дозволено во затворени простории. Од направата за која се веруваше дека е минлив тренд, електричните цигари станаа индустрија вредна околу две милијарди долари годишно.

Меѓутоа, изгледа дека можат да доживеат иста судбина како и класичните цигари.
Многу пушачи на Западот веруваа дека повеќе никогаш нема да конзумираат цигари во топлите простории на омилените кафулиња. Всушност, забраната не исчезна но исчезнаа цигарите, чиј канцероген чад се замени со овој наводно помалку штетен.

– Џонатан редовно оди во Париз, каде овој тренд и тоа како заживеал – вели Пјер Дуранд сопственик на едно кафуле.

Париски модел

Пјер и Џонатан, успешниот модел од Париз го применија во Лондон. Отворија кафуле во кое со кафето, продаваат и електрични цигари.

– Не се обидуваме да направиме некој сопствен бренд, едноставно сме фокусирани на задоволството на нашите клиенти – додава Џонатан Кадеихан, исто така сопственик на кафуле.

Светската здравствена организација и разни државни агенции се уште се во фаза на одлучување како да се регулира тој пазар. Основната загриженост е пушењето да не стане повторно социјално прифатливо. Сепак изгледа дека потрошувачите имаат спротивни мотиви.

– Вака се обидувам да престанам да пушам и за сега добро ми оди. Се надевам дека навистина и ќе престанам – рече Марк Боуелс, кој користи е-цигари.

– Сакам помалку штетна алтернатива, која и понатаму ќе ја задоволува желбата за никотин – вели Ени Елман, која исто така конзумира е-цигари.

Во земји како Велика Британија конзумирањето на електричните цигари за сега е дозволено на јавни места, а оценка е дека ги користат над милион ипол Британци. И тој број расте.

Сопствена технологија

Што значи помалку купувачи за тутунските компании. Британската Империјал Тобако најави гаснење на фабрики во Велика Британија и Франција. Други големи компании загубите на цигарите ги компензираа со влезот на електричниот пазар на цигари, чија вредност се оценува на околу две милијарди долари. Меѓутоа, со тој пазар доминираат мали компании, кои први го препознаа големиот потенцијал.

– Малите компании развија сопствена технологија и продажна мрежа до купувачите. Исто така, голем дел од овие уреди се произведуваат во Кина, бидејќи многу е едноставно да се отвори фабрика за нивно производство, што малите компании максимално го искористија – рече Шејн Мекгил, пазарен аналитичар.

За малите, но и големите производители иднината зависи од законските рамки кои допрва треба да се воспостават. Пјер и Џонатан не се плашат. Ако електричните цигари се забранат на јавни места, тие и понатаму ќе имаат свое кафуле, а пушачите едноставно ќе ги пратат на свеж воздух.

Ал Џезира – Доха

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Франција изгуби контрола на делови од Нова Каледонија, истрели и експлозии одекнуваат низ островот

ВИДЕО: Напад на синагога во Франција, полицијата го уби напаѓачот

(ВИДЕО) Франција прогласи вонредна состојба во Нова Каледонија

Горан Наумовски

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) Нови детали од оружениот инцидент во Франција, од непосредна близина пукале кон полицајците

Горан Наумовски

Франција ќе достави дополнителна воена помош за Украина

Нова Каледонија: Во протестите повредени се над 50 полицајци, опожарени се 50 продавници и 200 автомобили