ЕК:Шпанија ќе ја врати довербата на пазарите

Од:

Шпанија ќе ја добие неопходната европска финансиска инјекција за докапитализација на банките. Сумата најверојатно се движи околу сто милиони евра, иако претходно, ММФ, излезе со проценка за неопходни 40 милиони евра.

Европската комисија изјави дека е сигурна оти Шпанија ќе ја врати довербата на пазарите.

„Благодарејќи на длабинското реструктуирање на финансискиот сектор и придвижување на структурните реформи, како и буџетската консолидација, сигурни сме дека Шпанија ќе ја врати довербата на инвеститорите и пазарите и ќе создаде услови са континуиран раст и отворање работни места”, се наведува во писмените изјави на претседателот на Европската комисија, Жозе Мануел Баросо и комесарот за економски работи, Оли Рен, .

Шпанија се обидува да го избегне грчкото сценарио, што би значело и строг план на штедења. Шпанија веќе има проблем со то веќе со голема невработеност и празна државна каса.

 

Би можело да ве интересира

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Двојно убиство во Барселона: Маж ја убил својата поранешна, но и сегашната партнерка

Момче е убиено на фудбалски терен во Толедо

Гледањето на Реал Мадрид на стадион станува луксуз

Предраг Петровиќ

Србин баран со потерница од Интерпол е убиен во Шпанија

ВИДЕО: Гневните жители на Барселона ги прскаа туристите со вода