Економскиот тим на Министерството за финансии се сретна со гувернерот Богов

Од:

Економскиот тим на Министерството за финансии денеска се сретна со гувернерот на Народната банка Димитар Богов.

На средбата, како што соопшти Министерството за финансии, станало збор за унапредување на соработката помеѓу Министерството за финансии и Народната банка и важноста за координацијата на фискалната и монетарната политика за економскиот систем.

Соговорниците на средбата ја потврдиле заложбата за одржување на макроекономската стабилност и спроведување политики кои ќе придонесат за одржлив економски раст, соопшти Министерство за финансии.

Би можело да ве интересира

Ангеловска-Бежоска: Се уште не гледаме позначителни надолни прилагодувања кај цените на храната

Ангеловска-Бежоска: Финансиската вклученост е значително зголемена изминатите години, работиме на натамошно унапредување

Просечната каматна стапка на новоодобрените кредити за домаќинствата во март 5,4 проценти

Средби со Светска банка: Светска банка со поддршка на реформските активности на Народната банка за пристапување кон СЕПА

(ВИДЕО) Петрова: Бесими незаконски потпишал согласности за 3.000 вработувања во државни институции

Горан Наумовски

Девизните резерви на крајот на февруари 4,28 милијарди евра