Ангеловска-Бежоска: Се уште не гледаме позначителни надолни прилагодувања кај цените на храната

Од:

Гувернерката на Народната банка Анита Ангеловска-Бежоска денеска оцени дека во земјава се уште нема позначителни надолни прилагодувања кај цените на храната. Ако се спореди нивото на цените на храната со предпандемискиот период, тие, рече, се речиси двојно повисоки од нивото на светските цени на храната.

Одговорајќи на новинарски прашања по презентацијата на најновите макроекономски проекции, Ангеловска-Бежоска истакна дека е позитивно тоа што согласно меѓународните финансиски институции, се проектира натамошен пад на цените на храната оваа година, а стабилизирање на нивното ниво наредната година, што остава простор за одредени надолни корекции.

-Ако се погледне движењето на светските цени на храната од средината на 2022 година, има речиси континуирано намалување, но според последните податоци, се уште не се вратени на предпандемиското ниво и се повисоки за околу 17 – 18 отсто. Доколку овие трендови ги споредиме со трендовите во домашната економија, може да констатираме дека не се целосно синхронизирани. Кај нас, растот на цените на храната почна подоцна од растот на светските цени на храната и се уште не гледаме позначителни надолни прилагодувања кај цените на храната – вели Ангеловска-Бежоска.

Таа потсети дека ценовната политика е детерминирана од повеќе фактори.

Би можело да ве интересира

Одлука на Народната банка: Од август 2025 година стапката на противцикличниот заштитен слој на капиталот ќе изнесува 1,75%

Растат цените на становите во Скопје

Катерина Ѓуровски

Средба Ангеловска-Бежоска ‒ Памер: Народната банка во чекор со европските стандарди и практики

Народна банка: Нето надворешниот долг 29,9 проценти од проектираниот БДП

Ангеловска-Бежоска: Енергетскиот шок предизвика значајни притисоци кај инфлацијата и девизните резерви

Ангеловска-Бежоска: И покрај шоковите, стабилноста на домашната валута зачувана, а девизните резерви повисоки за 40%