Единствена земја во светот која има девет валути

Од:

За голем број на луѓе промената на парите од една во друга валута е збунувачка, а замислете да морате да следите девет. Овој факт тешко им паѓа на бизнисмените во Зимбабве кои се присилени да бидат во улога на девизни трговци, откако нивната национална валута е урната и повлечена од употреба.

Зимбабве веќе неколку години нема национална валута, а се заради неуспешен договор со Меѓународниот монетарен фонд.

Владата на оваа држава одлучи покрај американскиот и австралискиот долар да воведе и јужноафрикански ранд, евро, британска фунта, јапонски јен, кинескси јуан, индиски рупи и африканска пула.

– Повеќето валути постојат заради тргување, рече за Си-Ен-Ен гувернерот на локалната банка, Џон Мангудуа.

– Педесет отсто од нашата трговија се одвива со Кина и Јужна Африка, така што мораме да овозможиме трговија во разни малути, додаде тој.

На улиците на главниот град Хараре, повеќето преферираат американски долар, но трговците приморани се да прифатат различни валути. Во близина на границата со Јужна Африка и Боцвана популарни се ранд, пула и евро. Сепак, популарноста на рандот неодамна опадна, откако минатата година „потона“ за 30 отсто.

Би можело да ве интересира

Во Зимбабве уапсен лидер на секта, тврдел дека е пророк и злоставувал 250 деца

(ВИДЕО) Нилски коњ проголта човек: Го плукна два пати, но реши да го докрајчи

Ана Ололовска

Владата на Зимбабве им порача на државните службеници: Нема вакцина, нема плата

А1он

ОН ги осудија принудните бракови на малолетници во Зимбабве

Оставка на потпретседателот на Зимбабве, имал врски со мажени жени

Жарко Настоски

Зимбабве: Акутната неисхранетост кај децата е во пораст

Ана Ололовска