Џеф Безос продаде милион акции на Амазон за 3.1 милијарди долари

Од:

Основачот и директор на „Амазон“, Џеф Безос во првите денови од август продаде милион акции на компанијата за 3,1 милијарди долари, објави „Форбс“, повикувајќи се на документацијата доставена до Американската комисија за хартии од вредност (СЕЦ).

По плаќањето данок, најбогатиот човек на светот ќе има околу 2,4 милијарди долари.

Безос ги продаде акциите по цена од 3,10 до 3,18 долари по акција, покажуваат податоците на СЕЦ.

Форбс пишува дека не е познато зошто Безос ги продал акциите.

Фокс Бизнис, меѓутоа, наведува дека Безос во последните години редовно продава акции на „Амазон“ за финансирање други бизниси. Телевизијата потсетува дека Безос ветил дека ќе собере најмалку милијарда долари секоја година со продажба на акции за финансирање на „Блу Ориџин“, неговата приватна фирма за вселенски туризам и истражување.

Безос го задржа првото место на најновата листа на „Форбс“ на најбогати луѓе во светот, со проценето лично богатство од над 189 милијарди долари.

Минатата недела „Амазон“ објави дека оствариле приходи од 88,9 милијарди долари во вториот квартал, 40 проценти повеќе отколку во истиот квартал една година порано, а профитот изнесува 5,2 милијарди долари, што значително ги надмина очекувањата на Вол Стрит.

Акциите на „Амазон“ оваа година се зголемија за 73 процент.

Би можело да ве интересира

Хаос во најава: Вработените во Амазон ќе штрајкуваат на црн петок

A1on

Владата ќе ги спасува Железници од банкрот: Ќе купи нови акции вредни 15,6 милиони евра

A1on

Поевтинуваат лебот, млекото и месото: Владата ги објави производите кои маркетите од утре ќе мора да ги намалат

A1on

Ќе се корегира забраната за акциски цени: Трговците ќе можат да ги намалат и цените кои Владата со одлука ќе ги намали

A1on

Поглавар од Амазон: Реките пресушуваат, температурите се високи и има малку дожд

(ВИДЕО) Се изгубил во џунгла и преживеал 31 ден: Пиел дождовница и јадел црви

Катерина Ѓуровски