Владата ќе ги спасува Железници од банкрот: Ќе купи нови акции вредни 15,6 милиони евра

Од:

Владата ќе купува акции од акционерското друштво „Железници Транспорт“ вредни 15,6 милини евра со што повторно на краток рок ќе го спаси загубарот од банкрот.

Железници Транспорт планира да издаде акции што е четврти пат досега за што добила и одобрение од Комисијата за хартии од вредност.

Комисијата за хартии од вредност донесе Решение со кое на Железници Транспорт АД Скопје и даде одобрение да ја издаде четвртата емисија на акции по пат на приватна понуда.

„Со четвртата емисија, Друштвото ќе издаде 962.913 обични акции при што продажната цена по акција е еднаква со номиналната и изнесува 1.000 денари по акција. Вкупната продажна вредност на емисијата e 962.913.000 денари. Друштвото издава хартии од вредност заради зголемување на основната главнина, односно заради создавање услови за непречено функционирање. Приватната понуда е наменета за познат купувач, постојниот единствен акционер – Влада на Република Северна Македонија, како институционален инвеститор“, соопштија од Комисијата за хартии од вредност.

Ова државно претпријатие е редовен загубар и должник. Во првата половина од годинава загубите изнесуваат речиси 65 милиони евра.

Би можело да ве интересира

Влада: 84.000 државни административци ќе добијат по 11.000 денари К15

Горан Наумовски

СДСМ: Дали Владата планира да именува национален координатор за координација на координаторите?

Влада: Инвестираме историски највисоки 250 милиони евра за капитални проекти во општините

Мицкоски: Колку повеќе ќе биде успешна бизнис заедницата, толку ќе биде поуспешна и самата Влада

ВЛЕН: Пропадна планот за дестабилизација на тројката Левица-СДСМ-ДУИ

(ВИДЕО) Мицкоски: Владата донесе одлука за ограничување на највисоката трговска маржа на училишниот прибор