Две меѓународни компании заинтерсирани за прилепскиот Тутунски комбинат

Од:

Две меѓународни компании покажуваат интерес за влез во прилепскиот Тутунски комбинат, а веќе се бара стратешки партнер  и за фабриката „Еурокомпозит“,информира денеска премиерот Никола Груевски.

– Има интерес од две меѓународни компании, од кои едната е позната мултинационална компанија, и се разгледуваат различни модели, изјави Груевски одговарајќи на новинарски прашања по почетокот на градежните работи за изградба на Технолошко-индустриска развојна зона Алинци кај Прилеп.

Премиерот не го соопшти името на познатата мултинационална компанија со која се разговара за влез во Тутунскиот комбинат, но укажа оти од нивна страна се предлага да се формира компанија со заедничко вложување со државата и на тој начин да се подобри состојбата во комбинатот. По подобрување на состојбите, како што рече, тие би сакале да разговараат за целосно преземање. Што и да се случи, и оваа опција да биде, би било добро за Тутунскиот комбинат. Сеуште сме во разговори и доколку завршат со успех тоа ќе биде добро за Тутунскиот комбинат и за луѓето што работат таму, рече Груевски, истакнувајќи оти не сака да прејудицира, ниту да спомнува имиња, бидејќи се уште се во тек разговорите.

Според премиерот, се преземаат активности и за стратешки партнер за Еурокомпозит за што вчера е објавен меѓународен јавен повик. Целта е да ја обезбедиме иднината на Еурокомпозит со компанија што е добро етаблирана во тој бизнис, укажа премиерот Никола Груевски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Нови субвенции за тутунопроизводителите по 6.000 денари за секој хектар тутун

Петмесечно бебе со голема кашлица хоспитализирано во Прилеп

Вандали уништиле мермерни плочки околу спомениците – Урни во Могилата на непобедените во Прилеп

Четири работнички од Непал му избегале на газдата во Прилеп, случајот пријавен во полиција

Орце Костов

Во прекин сообраќајот на патот Прилеп – Градско поради сообраќајка

Жена од Прилеп се заканувала дека ќе запали кафеана

Горан Наумовски