Душко Весковски поставен за директор на ЈП Водовод и канализација – Скопје

Од:

Душко Весковски е поставен за нов генерален директор на ЈП Водовод и канализација – Скопје. Како што информираат од претпријатието, на 2 мај беше објавен конкурс за избор на генерален директор на ЈП Водовод и канализација – Скопје.

По завршувањето на законскиот рок за поднесување на апликации и спроведување на постапка за избор на генерален директор на претпријатието, градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов за генерален директор на ЈП Водовод и канализација – Скопје го назначи Душко Весковски.

Претходно Весковски работеше како раководител во Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија, по што беше назначен за в.д. генерален директор на ЈП Водовод и канализација – Скопје.

Би можело да ве интересира

Водата од беровскиот водовод не е за пиење

А1он

Се реконструира водоводната мрежа во дел од Автокоманда

А1он

(ВИДЕО) Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски ја вработил кумата во Водовод, обвинуваат од СДСМ

А1он

Скопски „Водовод“ бара зголемување на цената на вода за 30 денари, РКЕ предлага седум денари, конечната одлука ја носи Советот на општината

Ана Ололовска

Нека штрајкуваат колку сакаат, со нив не седнувам на маса – Арсовска нема да преговара со Синдикатот

А1он

СДСМ: Незаконски се отпушта претседател на синдикална организација во „Водовод и канализација“