Скопски „Водовод“ бара зголемување на цената на вода за 30 денари, РКЕ предлага седум денари, конечната одлука ја носи Советот на општината

Од:

Скопски „Водовод и канализација“ доставило барање до Регулаторната комисија за енергетика со кое бара зголемување на цената на водата од 30 денари во просек на сметките на месечно ниво.

Од РКЕ по направените анализи дале предлог со кој зголемувањето во крајните сметки на граѓаните би било за седум денари, но, како што посочува претседателот на РКЕ, Марко Бислимоски, конечната одлука ја носи Советот на општината.

– РКЕ не носи конечна одлука за цена на водата. Советите во општините ги носат конечните одлуки. Јавните комунални претпријатија поднесуваат барање за одредување на цена до РКЕ, а ние им даваме минимална и максимална цена како опција. Овие предлог цени се врзани со трошоците, односно инвестициите во мрежата за да нема дефекти и да се модернизра. Која цена ќе биде на сила, одлучува Советот на општината, вели Бислимоски во објава на Фејсбук.

Фактите, додава тој, покажуваат дека на национално ниво 60 проценти имаме загуба на водата што значи дека губиме непроценливо богатство поради отсуство на инвестции.

– Советите отчетно и транспарентно да им објаснат на граѓаните каде се инвестира секој денар. РКЕ останува на ставот во целост да го преземе регулрањето во делот со цени на води за да се зголемат инвестициите, подобри услугата и да се регулираат вработувањата согласно потребите, наведува Бислимоски во објавата на Фејсбук.

Би можело да ве интересира

ЕСМ во следните 10 години ќе ги снабдува скопјани со парно греење

Орце Костов

Издадени лиценци на 486 централи за производство на електрична енергија од обновливи извори

Ана Ололовска

Дали ќе имаме евтина дневна тарифа за струјата зависи од калкулациите на РКЕ

Бислимоски: Како држава имплементиравме се што бара ЕУ од нас кога е во прашање енергетиката

Ана Ололовска

Не се менува цената на бензинот и дизелот

Ана Ололовска

Скопјани ќе плаќаат 29,5 денари месечно повеќе ако ЈП Водовод ја прифати максималната тарифа на Регулаторна

Орце Костов