Дугалиќ: Кипарските депозити не се наша грижа

Од:

Не сметам дека државата треба да им помогне на нашите граѓани чии пари се во кипарските банки, бидејќи за тоа нема начин ниту причина , изјави за „Блиц“ генералниот секретар на Здружението на банките на Србија, Верољуб Дугалиќ.

Тој додаде дека граѓаните на Србија кои живеат и работат на Кипар треба да ги прифатат локалните правила, а за оние кои никогаш немаа бизнис со Кипар а таму имаат штедни влогови , воопшто не треба да се грижат.

-Би било интересно да знаеме зошто ги носеа таму парите, кога кај нас каматите се многу повисоки, изјави Дугалиќ.

Тој потсети дека сите кои имаат повеќе од 100.000 евра на Кипар ќе бидат оданочени со каматна стапка од 30 проценти.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Уапсени двајца Срби, поранешни членови на „Пинк Пантер“ – оргабувале златарници во Атина

Земјотрес во Србија

Земјотрес кај Чачак

Австриските власти го екстрадираат во Србија осомничениот за убиството на Нусрет Дестановиќ

Вучиќ: Недозволиво, ќе го гониме напаѓачите на хрватските новинари

Во Панчево нападнати четворица Хрвати и двајца Срби кои ги бранеле

Катерина Ѓуровски