Драстичен скок на цената на гасот во Европа

Од:

Цените на гасот во Европа денеска скокнаа за речиси една четвртина, откако руски „Газпром“ објави дека нема да испорачува гас во Европа преку гасоводот „Северен тек 1“ до натамошно известување поради проблеми со турбината.

По отворањето на холандскиот пазар, цената на гасот во фјучерс договорите со датуми на испорака во октомври се зголеми за 30 отсто, на 272 евра за мегават час (MWh). Потоа се стабилизираше на 256 евра за мегават час, што е зголемување за 23 отсто. Споредено со истиот период лани, тој е речиси пет пати поголем.

Руски „Газпром“ во петокот објави дека нема да испраќа гас во Европа преку „Северен тек 1“ до понатамошно известување бидејќи е утврдено дека од главната гасна турбина на компресорската станица Портоваја кај Санкт Петербург истекува нафта.

Компанијата ја прекина испораката минатата недела за тридневно одржување и гасот требаше повторно да почне да се движи кон Европа рано наутро во саботата. Тешко е да се дојде до гас – се потешко е да се замени дури и најмалата количина што не пристигнува од Русија“, објаснува соработникот на Aurora Energy Research Senior Commodities, Џејкоб Мендел.

Би можело да ве интересира

Русите погодиле воз: Министерството соопшти дека имало западна воена опрема

Русите уапсија двајца нивни војници за грозоморни злосторства

Катерина Ѓуровски

Руски шпиони ја бараат рутата по која во Украина стигнува оружје

Катерина Ѓуровски

Американскиот Конгрес одобри помош за Украина

Русија бомбардирала свој град: по грешка погодена Белгородската област

ВИДЕО: Во руски напад урната ТВ кулата во Харков