Драгасакис оптимист дека ќе се постигне договор со кредиторите

Од:

Владата на Сириза има мандат да најде одржливо решение за економијата во рамките на еврозоната, изјави заменик – премиерот на Грција Јанис Драгасакис во интервју за „Гардијан“.

– Ние немаме мандат да ја извадиме Грција од еврозоната, и тоа не е опција ниту за Владата, ниту за Сириза, рече тој пред состанокот на Еврогрупата закажан за 11 мај, додавајќи дека тие имаат „ мандат за одржливо решение, во рамките на еврозоната“.

Драгасакис е оптимист дека ќе се постигне решение, истакнувајќи дека „разговорите, досега, покажаа оти постои заедничка основа со промени и политички мерки и, според тоа, верува дека е можен договор во интерес на сите“.

Тој додаде дека сите страни треба да соработуваат за да се реши прашањето на ликвидност, и истакна дека Владата знаела оти преговорите ќе бидат тешки.

– Знаевме дека, како први во Европа кои се обидуват да ја сменат политиката, работите ќе бидат тешки. Тројката (странски кредитори) не беше само три институции туку систем на моќ, држава во држава, вистинската власт на земјата. Моравме да го промениме овој систем, да ги промениме правилата на игра, изјави заменик-премиерот на Грција.

Би можело да ве интересира

Гужва за влез во Грција: На Богородица се чека по еден час

А1он

Двајца Македонци осудени на по пет години затвор во Грција, внесувале фалсификувани лични документи

Грција воведува шестдневна работна недела

ВИДЕО: Уапсени двајца Срби, поранешни членови на „Пинк Пантер“ – оргабувале златарници во Атина

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос

Преспанскиот договор оспорен во предизборието, анализира грчки Катимерини

Александар Тодески