Дополнителни субвенции за пченицата, најавува МЗШВ

Од:

Дополнителна субвенција за пченицата, најавува Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

За висината на поддршката денеска на прес-конференција ќе информира ресрниот министер Михаил Цветков.

До 31 јули годинава се ожнеани околу 82.210 хектари пченица или 87 отсто од површините. Остварениот просечен принос достигнува до 3,5 тони на хектар и доколку се задржи на ова ниво, се очекува производство од 330.000 тони што претставува зголемување за околу 20 отсто или 53.000 тони во споредба со минатата година.

Според Министерството, до почетокот на август се откупени околу 75.000 тони или 66 проценти од вкупните лански количини, што е зголемување за околу шест отсто во споредба со истиот период минатата година, кога биле откупени 70.000 тони.

Просечна  откупна цена на меркантилната пченица од  реколтата 2014 за јули изнесува 10,74 денари за килограм.

Во 2013-та беа ожнеани 93.646 хектари од кои е остварено производство од 280.929 тони со просечен принос од околу три тони на хектар.

Би можело да ве интересира

Трипуновски: Љупчо Николовски доделил 2.5 милиони евра надвор од процедура

Орце Костов

Како помош за африканските земји, Русија испорача 200.000 тони пченица

МЗШВ: Усвоена Интервентната програма за поддршка во земјоделството за 2024 година

Државни субвенции во Србија: 5000 евра за електично возило, 20.000 евра за нов стан

Субвенции за клими: За југозападна Македонија ваучери од 25.000 денари, за останатите 2000 помалку

Орце Костов

Не е точно дека оваа влада ќе ги укине субвенциите за струја од први јули, вели Битиќи