Дополнителна квота од 500 дозволи за македонски превозници со Франција

Од:

На состанок на македонско-француската мешовита комисија за меѓународен превоз на патници и стока во Париз е договерено за годинава да се размени дополнителна квота од 500 билатерално-транзитни дозволи, соопшти денеска Министерството за транспорт и врски.

Потпишан е протокол, со кој исто така е договорена прелиминарна квота за следната година од 500 билатерално-транзитни дозволи за возила со еуро 4 стандард, 2.500 билатерално-транзитни дозволи за возила со еуро 5 стандард, 20 времени дозволи за превоз и 100 дозволи за и од трети земји за возила со еуро 5 стандард.

– Договореното зголемување на квотата дозволи што ќе се разменуваат е во насока на задоволување на потребите на македонските превозници за превоз на стока кои возат кон и од Франција. Со ова Министерството за транспорт и врски останува на определбата за целосна поддршка на македонските транспортери во насока на зголемување на извозот и присутноста на европските пазари, се вели во соопштението од Министерството за транспорт и врски.

Би можело да ве интересира

Бочварски: До 10 јули ќе се вози по патот Подмолје-Охрид, има силна градежна офанзива

A1on

Пуштен сообраќајот за лесни возила на магистралата А3 кај Делчево

Ана Ололовска

Бочварски: Владата ќе помогне за санација на штетите од невремето во Делчево

Ана Ололовска

Се укинуваат дозволите за превоз на товар и патници меѓу Србија и Северна Македонија

Горан Наумовски

Саем за транспорт во комплексот „Борис Трајковски“

Ана Ололовска

Бочварски: Сите постапки ќе се реализираат со цел да се изградат коридорите на време

Ана Ололовска