Доларот зајакна, цената на нафтата расте

Од:

На девизните пазари вредноста на доларот во однос на кошницата валути дополнително се зголеми, по растот три недели по ред. Затоа е на пат за зголемување во јануари од околу 2 отсто.

Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американскиот долар во однос на другите шест најважни светски валути, утринава се движи околу 103,55 поени, додека во петокот навечер изнесуваше 103,47 поени.

Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута се движи околу 148,15 јени, колку што беше и во петокот навечер.

Сепак, американската валута зајакна во однос на европската, па цената на еврото се лизна на 1,0845 долари, додека во петокот вечерта беше 1,0855 долари.

Цените на нафтата, пак, дополнително се зголемија, по минатонеделниот скок од над 6 отсто. Цената на барелот на лондонскиот пазар утрово зајакна за 0,34 отсто, на 83,85 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот порасна за 0,37 отсто, на 78,30 долари.

На повеќето азиски берзи цените на акциите пораснаа во понеделникот, но тргувањето беше претпазливо, додека вредноста на доларот во однос на кошницата валути дополнително порасна, како и цената на нафтата.

Индексот MSCI на азиско-пацифичките акции, без Јапонија, порасна за 0,4 отсто околу 7:00 часот, продолжувајќи го својот раст од минатата недела.

Истовремено, на токиската берза индексот Никеи зајакна за 0,6 отсто, додека цените на акциите во Австралија, Хонг Конг и Јужна Кореја пораснаа меѓу 0,3 и 1,3 отсто. Во Шангај, пак, тие паднаа за 0,8 отсто.

Растот на индексот во Хонг Конг е благодарение на новите мерки на властите за поддршка на пазарот на капитал.

Сепак, на пазарот владее еуфорија бидејќи тргувањето со акциите на Евергранде, најголемата кинеска градежна компанија, е прекината по одлуката на судот за ликвидација.

Дали ова ќе ја продлабочи повеќегодишната криза на кинескиот пазар на недвижности, останува да видиме.

Прашање е колку новите стимулативни мерки на кинеската централна банка, најавени за почетокот на февруари, ќе влијаат на забрзување на растот на кинеската економија.

Би можело да ве интересира

Цените на нафтата пораснаа, доларот нагло падна

Доларот на највисоко ниво во последните пет месеци, раст на цената на нафтата

Катерина Ѓуровски

Цените на нафтата на највисоко ниво во последните пет месеци

Скок на цената на нафтата, се намали вредноста на златото

Катерина Ѓуровски

Доларот зајакна во однос на еврото

Падна вредноста на доларот