Договорот за 100 милиони евра од ЕИБ ќе се потпише во вторник, аплицирањето почнува во октомври

Од:

Договорот со Европската инвестициска банка (ЕИБ) за користење на 100 милиони евра за мали и средни претпријатија ќе биде потпишан во вторник меѓу Владата претставувана од Министерството за финансии, Македонската банка за поддршка на развојот (МБПР) и ЕИБ.

Фирмите веќе од октомври ќе можат со проекти да аплицираат за 100 милиони евра евтини кредити од ЕИБ.

Пласманот на 100-те милиони евра од страна на МБПР ќе се врши преку домашните комерцијални банки.

Министерот за финансии Драган Тевдовски во интервју за МИА, истакна дека оваа кредитна линија ќе овоможи реалзација на нови проекти, нови вработувања, зголемена ликвидност во стопанството и зголемен извоз.

Предвидено е и откако претпријатијата ги вратат заемите од оваа кредитна линија, истите повторно да се пласираат како кредити во стопанството. Ова ќе придонесе за повеќекратна полза на малите и средни претпријатија од овие 100 милиони евра.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Петрова: Бесими незаконски потпишал согласности за 3.000 вработувања во државни институции

Горан Наумовски

Вработени во МФ бараат исплата на додатокот на плата од 30 отсто

Протести и штрајкови најави Синдикатот на Министерство за финансии при УПОЗ ако не се потпише колективен договор

Горан Наумовски

МФ: Новата ПЕР 2024-2026 усвоена од Владата, поставена основа за нашата Реформска агенда за Планот за раст на Западен Балкан

Не смее да се вработува освен за испразнето место, но фалат луѓе во администрација вели Бесими

Анита Петровска Рајковиќ

Од јануари нема да се чека согласност од Финансии за вработување во администрација